Ако може Барби, можеме и ние, а?

На кој му текнало ова и колку пати згазнал во оставштина од некоја слатка животинка не се знае, ама ја пуштаме рекламава во надеж дека ќе им ја покажете на вашите деца (а и сами ќе ја погледате) за да се научиме како треба.

Ај погодете за што е рекламава

Помош: не е хентаи, не е трејлер за хорор и не е ништо бизарно. Ама многу е добро.

Најпопуларниот смештај на Airbnb во моментов

Поткровје во Бруклин? Стаклени прозори со поглед на Токио? Не, туку куќичка на дрво.

17 прашања за една стриптизета

„Повеќето жени чии партнери одат по клубови збеснуваат затоа што мислат дека ги изневеруваат. Но ништо не влегува во никаква дупка, и за повеќето типови ти си само психијатар во танга – зборуваат за нивните животи и што им се случува дома.“

Полека: Можете да родите и после 35

Некаде откако ќе наполни жената околу 5 години, почнуваме да ја спремаме дека еден ден ќе биде мајка. Звучи језиво, ама некаде до дваесет и кусур, немажена, бездетна жена почнува да ја фаќа паника дека ѝ се троши времето за репродукција, па се фрла на проект „маж и дете“, полн со притисок, предрасуди и слабо основани научни докази, за на крај да биде - нека ти е живо и здраво, ама да знаеш дека ова можеше и 10 години покасно.

Пасивен пушач - како е тоа научно неиздржано

Моментално во Македонија се спремаат измени во закон, со кои повторно се навраќаме на тоа кој колку смее да пуши и кого труе. Ако сакате можете да се разберете со Дежуловиќ, а ако сакате можете и да почекате Пен и Телер да ви објаснат, со податоци дека меѓу канцерот на гради и пасивното пушење – баш и нема некаква врска.

Кога Ана Винтур и Ејми Шумер ќе си ги сменат местата

Ејми Шумер последниве години е меѓу најдобрите комичари. Ана Винтур во последниве 17 века е врвот на модата. И се договараат да си ги сменат местата.

Цртежите на Касандра Калин

Касандра Калин црта стрипови, има над милион следачи на Инстаграм и има причина за тоа. Затоа што кога ќе долови ситуација - доловено е.

Гинеколозите пак ве молат да не си пикате глупости

Некои работи треба од старт да бидат јасни ако си нормално човечко суштество, а сепак - магично не се. Откако се едвај се намолија со пациентките да престанат да користат осила за подмладување на своите гениталии, на пазарот излезе нова мода, од една компанија што ги убедува жените дека ултра паметно, многу згодно и крајно секси е да си ставиш капсула со - светки.

Џенифер Лоренс не е доволно убава да ја глуми Шерон Тејт

На ова инсистира Дебра Тејт, сестрата на убиената сопруга на Роман Полански, после вестите дека Тарантино ќе снима филм за нејзе, Чарлс Менсон и фамилијата.

Финти за дебели девојки

Пред да изрипаме во дебати за тоа дали е фер или политички коректно да постои ваков наслов, самата авторка си кажува „Немам намера да вреѓам, јас сум самата дебела, и сакам да споделам совети со вас.“ Клипот има над 20 милиони прегледи, што значи, или на многу луѓе им се расправа во коментари, или едноставно го гледаат затоа што е - супер корисно.

Мејкап порно

Минута и кусур празник за очи за сите ентузијасти за шминка. Пазете да не се гризнете за уста, ќе си го расипете карминот.

Прирачник за жени од 1955-та

Како се пречекува маж од работа?
„Да ќутите и да бидете среќни што го гледате.“

Кој ги оддржува библиотеките во живот?

Додека светот избезумено дебатира за статистики околу тоа кој колку чита и дали чита електронски или хартија, паралелно се бројат и работите што миленијалците ги уништуваат со нивните навики и начин на живот. И стварно, излегува дека миленијалците утепаа сè, освен - библиотеките.

Кога татковците ќе сфатат што значи „да ги спремиш децата“

„Никогаш, НИКОГАШ веќе нема да ја прашам зошто ѝ треба толку време.“

Кога имаш мрзлив, ама цар дизајнер

„Ќе ми направиш постер за свирка?“
„Важи, бе.“

73 прашања со Сара Џесика Паркер

Јутјуб-едицијата на Вог „73 прашања“, што веќе некое време ни кажува глупи и интересни детали за јавни личности, оди кај Сара Џесика Паркер дома. Многу симпатичен Њујоршки стан, многу фин муабет, и важни прашања од типот „штикли или балетанки“ (одговорот е на 4:19).

Со Мерил Стрип, едноставно

„Тоа што навистина нè усреќува сите е многу просто: љубов, секс и храна! Сè друго – моќ, влијание, сила – сите тие нешта знаат да ги надминат важните работи во животот. Но, сè додека имаш храна и кров над глава, и имаш сè што ти треба, тогаш тоа што нè усреќува е многу едноставно.“

Како да имаш тројка, а да не те мрази жена ти

Дејвид Хоки несакајќи нашол едно фино решение, додека истражувал за документарец. Реалистична секс-кукла. Односно, 14 реалистични секс-кукли.

За плачење или за смеење: Крокс изгледа стануваат модерни

Луѓето се делат на три категории: луѓе што мразат Крокс и никогаш не ги допреле ни со стап; луѓе што никогаш нема да ги облечат во јавност, ама признаваат дека се добри за по дома, и луѓе што гордо ги топорат и по град, и по грчки селца на одмор и не сфаќаат дека им се грди. Изгледа дојде време овие последниве да бидат боље од првите и вторите.

Се затвора „Колет“ во Париз, ама имате време до декември

Дваесет години откако се отвори, отскочната даска за многу млади дизајнери, и шопинг дестинацијата за локалци и туристи – Colette ги затвора вратите.

Секоја девојка со канал за убавина на Јутјуб

Сме се навикнале до сега. Таа е откачена, смешна, ги сецка кадрите за комичен ефект, носи луѓе, пика животинки во објектив, и генерално е така една дражесна особа. И иста како нас. И ние така заработуваме неколку милиони годишно само од лакирање на сопственото куче пред камера.

„Типична Французинка“ - мит вреден милијарди долари

Таа е интелектуалка, интересна, малку романтична – но не ги одобрува стварите многу лесно, а не се ни смее пречесто. Ќе трчка со балетанки од Шанел, или боса ако е на одмор. Има свој парфем. Јаде сирења без размислување и цела вечер ќе лигави една чаша вино затоа што е мајстор за умереност. Скоро секогаш е бела, хетеро и слаба, и можеш убаво да ја замислиш само ако тенденциозно ги игнорираш сите други Французинки чија што дневна рутина не вклучува возење точак покрај Сена во мини сукња и со багети под мишка.

Космополитен има нова мода што сака безумно да ја следите

Пристапот „да се прифатиме такви какви што сме“ и „да го сакаме тоа што ни го дала природата“ почна многу симпатично. А последниве години, некако ко цело време да се сведува на - влакна.