17 прашања за една стриптизета

„Повеќето жени чии партнери одат по клубови збеснуваат затоа што мислат дека ги изневеруваат. Но ништо не влегува во никаква дупка, и за повеќето типови ти си само психијатар во танга – зборуваат за нивните животи и што им се случува дома.“

  1. Како почна да работиш во стриптиз-клуб?

Танчерка сум отсекогаш, но кога имав 18 години си го пукнав коленото и тоа беше крај за мојата професионална кариера. Подоцна, имав сопствено танц-студио, но го затворив кога се вратив дома. Ниедно студио не сакаше да ме вработи затоа што им беше страв дека ќе им ги земам муштериите. И еднаш, другарка ми ми рече, „еј, ај да одиме во студиото за танц на шипка,“ и јас реков нема шанси. Но отидовме сепак и се закачив.

Потоа, со сопругот ни требаа повеќе пари, а студиото беше на истата улица со еден стриптиз-клуб и си реков, „што има везе?“

  1. Како е работното време?

Брутално. Клубот каде што работев имаше дневна и ноќна смена. Јас работев ноќна. Одев околу 6.30 – 7 навечер и работев до 3 сабајле. Моравме да работиме најмалку четири пати неделно. Ако не работиш, следниот пат плаќаш одредена сума за да се вратиш.

  1. Како изгледа една нормална смена?

Фризура правев пред да тргнам и таму само требаше да се нашминкам – треба да изгледаш убаво кога ќе излезеш на сцена. Се пресоблекував од алиштата во кои доаѓав... Не треба да си влезеш на работа по танга, облекував штикли и се пријавував кај диџејот.

Има две шипки на главната сцена и се почнува со по една девојка на секоја – одиш од една до друга шипка, па до еден дел кај шанкот и таму ја изведуваш третата точка. Девојките ротираат.

  1. Како функционира приватниот танц / танцување во скут?

Танцувањето во скут е тоа што носи најмногу пари. Не се евтини (нешто над 20 евра по песна), значи се симнуваш од сцена и правиш обиколка, како што јас го викав. Се шетам низ клубот, разговарам со по некој, флертувам, започнувам разговор и така ќе посака приватен танц. Личноста на сцена е различна од твојата реална личност и тоа секогаш мора да ти биде вклучено. Не е битно дали си во брак, мора да изгледаш сингл, инаку ништо нема да добиеш. Ти си им фантазија – и можеш да откриеш што им се допаѓа ако поразговараш со нив. На пример, еден ќе ти рече „сакам доминантни жени“ и ти тоа го вклучуваш – и стануваш таква.

  1. Што вклучува приватниот танц?

„Секогаш земам пари однапред и танцувам на една песна за 20 евра, или три за 45. Ги носиме во ВИП просторија, што е така фина и затемнета со каучи. Им играш, но нема секс. Во клубот каде што работев, просторот беше отворен, па позади мене имаше и друга девојка со приватен танц.

Мојата финта беше вртење наопаку. Ги соблекував кондурите (многу е тешко да се движиш со огромни платформи). Му ги ширев нозете, ги ставав рацете на подот и правев „стој на раце“ и завршував од наопаку кај него во скут.

  1. Се соблекуваш ли скроз на сцена?

Имам многу големи гради. И затоа останував покриена, за дечките да сакаат да видат што има под тоа. Излегував топлес на сцена ако беше слаба вечер и немаше многу луѓе во клубот. Но така најмногу заработував – да не бидам топлес, а да се соблекувам само за време на приватни танцувања. Во Америка, и од државата зависи дали смееш да бидеш комплетно гола.

  1. Колку заработуваш од вечер?

Не те плаќаат на саат и работиш само за бакшиш.  Те сметаат за независен соработник, така што, го изнајмуваш твоето време на сцена. Клубот има сума која треба да ја платиш на крајот на вечерта, се движи од 10 – 450 евра по вечер. А не смееш ни да го заборавиш диџејот, затоа што ако не му бутнеш некоја пара, има да играш 8 минути на песна за сендвичи.

Обично заработував повеќе од другите девојки, не затоа што бев подобра од нив, туку поради тоа како бев градена. Дома носев од 300 до 400 евра по вечер. Најчесто од приватен танц.

  1. Какви беа муштериите?

Секогаш добри дечки – војници, или некакви мајстори. А секогаш мораше да има и таков чудак со кој што никој не сакаше да се замара. Очигледно беше колку ги избегнувавме таквите цела вечер. Тоа се типовите што сакаат да допираат (а со допирање добиваа клоца од клубот), тие што ти бараат број, тие што прашуваат што правиш после работа. Идам у Мекдоналдс да јадам, тоа правам.

  1. Си се чувствувала ли неудобно или небезбедно?

Никогаш не сум се почувствувала небезбедно. Но повремено ми било непријатно. Првата вечер бев извадена од памет. Се тресев во штиклите. Но јас се ослободувам при настап, и кога излегов беше одлично.

  1. Дали клиентите некогаш се обиделе да те нападнат?

Секако дека сме имале луѓе што сакаат да нè завлечат и да ја преминат линијата. Татко ми е полицаец во пензија, па додека растев добив и обука за самоодбрана. Еднаш еден тип се обиде нешто што не треба и заврши на подот со мојата штикла на врат.

Дефинициите околу силување се ненормални. Секогаш сум свесна дека морам да се штитам затоа што според повеќето луѓе, жените што се разголуваат – си го бараат. Стриптизетите се разголуваат најмногу, но сигурно не си го бараме. Сите жени треба да бидат спремни во присуство на мажи, без разлика на ситуацијата.

  1. Што е тоа што луѓето погрешно го разбираат за стриптиз-клубовите?

Повеќето жени чии партнери одат по клубови збеснуваат затоа што мислат дека ги изневеруваат. Но ништо не влегува во никаква дупка, и за повеќето типови ти си само психијатар во танга – зборуваат за нивните животи и што им се случува дома.

  1. Има ли муштерии што ти оставиле впечаток?

Имаше еден лик кој имаше околу 70 години и беше многу сладок и сите се прашувавме што мајка бара на вакво место. Плаќаше приватен танц, но не танцувавме за него. Жена му починала и само сакаше да комуницира. Првиот пат кога ме побара мене, ми се плачеше, но не смеев да си ја расипам шминката. Сакав само да го гушнам.

  1. Добро се чувствуваш на сцена?

Се чувствував многу секси и самодовербата ми беше до таван. Летаа пари затоа што зрачиш со самодоверба. Колку посамоуверено делуваш, толку повеќе пари добиваш. А претходно многу се срамев.

  1. Има ли работата негативни страни?

Драма. Не сакаш да те вовлечат во тоа, затоа што се еден куп жени. Секогаш ќе има „ми краде муштерии.“ Сум видела како една завлечка друга низ гардеробата, извади солзавец и сите што се обидувавме да ги спречиме нè испрска. Си отидов отечена.

Исто и плускавците. Неверојатно е колкави плускавци можеш да заработиш од сто саати на штикли. Едвај се оди наредниот ден.

  1. Дали сопругот те поддржува?

Еднаш дојде и седна на шанк со пиво. Само што завршив – се разбира, никој не знаеше дека ми е маж – му отидов како да е обичен гостин и му играв во скут. Ми даде пари и ми рече, „после ќе купиме вечера со ова кога ќе завршиш.“

Еднаш, си дојдов дома уморна се пресоблеков и отидовме да купиме јадење. Кога се вративме, сакав да се туширам и маж ми се уби од смеење – „имаш банкноти залепени за газ“.

  1. Дали стриптизот е секс-професија?

Некои луѓе така мислат, но ние не сме сексуални работници (не дека нешто им фали на нив). Не сакаме ништо со твојот маж. Можеби мислиме дека е сладок и ќе флертуваме со него, но тоа е само затоа што ги сакаме неговите пари.

  1. Има едно недоразбирање, дека повеќето жени се во тој бизнис затоа што немаат друг избор. Дали е стварно така?

Не. Секогаш можеш да работиш во бутик. Имам пријателка стриптизета, поранешна професорка на колеџ и има докторат. Го работи ова затоа што го обожава и сака други жени да ја почувствуваат таа моќ и да си ја прифатат сексуалноста. Жените навистина треба да преземат контрола врз себе. За мене, танцувањето е феминистички чин.

20 јули 2017 - 17:25