Џенифер Лоренс не е доволно убава да ја глуми Шерон Тејт

На ова инсистира Дебра Тејт, сестрата на убиената сопруга на Роман Полански, после вестите дека Тарантино ќе снима филм за нејзе, Чарлс Менсон и фамилијата.

Набрзинка: Во '60-ти во Америка хараше Чарлс Менсон. Прво со понекоја небитна напишана песна, а покасно со култот, базиран на идејата дека следува апокалиптична расна војна. Името на идејава го позајмува од песната на Битлс - Helter Skelter, собира следбеници, станува опасен и накратко - тоа завршува со убиството на Шерон Тејт, која масакрирана (и трудна 8-ми месец) беше пронајдена во нејзината куќа во Лос Анџелес заедно со уште неколку пријатели.

Од таму, Менсон и неговите најпосветени глуперди, меѓу кои и Сузан Аткинс завршуваат во затвор. А кој друг да сними епски филм за ова, ако не Тарантино.

Гледате како е Сузан Аткинс луда и како има глупости на чело?

Не се знае кој ќе го игра Менсон (зборено е со Бред Пит), ама за женските улоги наводно ќе ги викаат Марго Роби и Џенифер Лоренс. Е сега, видовме како Марго Роби глуми лудача, и најверојатно ќе го повторува тоа, ама и знаеме колку е Шерон Тејт убава. А нејзе би требало да ја игра Џенифер Лоренс и светот е така... Благо неимпресиониран.

А најнеимпресионирана е Дебра Тејт, која патем ги држи сите права за користење на името и сликата на сестра ѝ Шерон.

„Немам јас ништо против Лоренс, но таа... не е доволно убава за да ја игра Шерон. Ужасно е ова што го кажувам, но сепак. Си имам стандарди.“

Ако мериме убавина, на Марго Роби повеќе ѝ личи улогата. Ама, видовме и како глуми лудача, па на Тарантино сигурно нема тоа да му се пропушта.

А ако се земат предвид и неговите изјави на воодушевување од Лоренс, нема ни таа шанса да му се пропушта, без разлика што ќе каже Дебра Тејт.

18 јули 2017 - 10:57