Најпопуларниот смештај на Airbnb во моментов

Поткровје во Бруклин? Стаклени прозори со поглед на Токио? Не, туку куќичка на дрво.

Airbnb веќе не нуди само вообичаени простори (станови, куќи, соби), туку се позанимливи, неконвенционални локации. Можеш дури и да букираш цели искуства, својствени за местото во кое се наоѓаш (готвење во Неапол, сликање во Париз), и можеш да букираш и ова:

Сокриена во шума, во централна Атланта (од каде што почна Walking Dead, точно), куќата е моментално најбукираниот смештај на сервисот за сместување. Има само една спална до која се стига преку дрвено мовче од дневната соба. Ова делува трапаво на хартија, ама на слика (и во живо, сигурно) е толку јако, човек да посака да направи пауза од омилените асфалтирани улици и да се напика тука далеку од сите:

Како може да е волку добро?!

Креветот се наоѓа на балкон, што значи дека спиете под ѕвезди, во сред природа. Совршено е слаб збор за ова што го гледаме во моментов.

Куќичето има преку 300,000 посети на сајтот месечно, а  147,052 (веројатно се зголемува бројката во моментов) го имаат додадено на нивната „листа со желби“.

А како да не биде?

Изградено е пред 18 години, од еден еколошки активист, Питер Бахут, кој е воодушевен што неговата љубов кон ова место се одразува и кај гостите. „Се обидов да разберам зошто е толку популарно,“ вели Бахут за Тудеј, „и мислам дека го доживуваат како едноставен одговор на еден комплициран свет.“

Локацијата е достапна за забави и свадби, а ја изнајмуваат и писатели, млади брачни парови за меден месец и луѓе што сакаат пауза од секојдневниот модерен начин на живот.

Кај ми е списочето со желби за Airbnb?

21 јули 2017 - 07:55