Кога Ана Винтур и Ејми Шумер ќе си ги сменат местата

Ејми Шумер последниве години е меѓу најдобрите комичари. Ана Винтур во последниве 17 века е врвот на модата. И се договараат да си ги сменат местата.

Тоа што те тера да кликнеш плеј е што ќе ја видиш Ана Винтур како излегува од тоа смрзнатата фасада и застанува на сцена во локален клуб. 

Добро, не излегува сега богзнае колку, ама се важи. Наочарите нема да ги извади ако тоа чекате.

А Ејми ќе се потруди да направи разлика меѓу две модни парчиња што на обичниот свет му се исти.

19 јули 2017 - 11:45