Прирачник за жени од 1955-та

Како се пречекува маж од работа?
„Да ќутите и да бидете среќни што го гледате.“

На mentalfloss.com имаше една статија каде што се елаборираше во детали за застарените совети околу тоа како еден маж да го направиш среќен. Таму имаше, „не се жали за твојот ден, него не му се слуша“, а беше и одговорено вековното прашање „зошто мажот иде во кафана“, со „затоа што не знаеш да готвиш.“

И тоа да ти стигнало и до нашиве краишта, затоа што како една жена би била права жена, ако не ги прати трендовите (во '50ти)?

Не само што треба да го чекаш со сè спремно, туку и ти треба да се одмориш, не затоа што денот ти поминал во бркање деца, гасење мали пожари во двор и љуљање бебиња, туку затоа што он треба да одмори кога ќе те види тебе. Ваквите прекраснотии ако се сеќавате, стигнаа и до кујнски крпи, со трапаво извезени домаќински сцени и дражесни некои стихови од типот „Куварице мање збори, да ти ручак не загори!“

Едноставно, куќната економија е важна, а добрата жена е составен дел од целата таа филозофија. Не ко денес!

Омилено: „Не заборавајте дека тој е господар на куќата и како таков, секогаш ќе ја спроведува својата волја чесно и праведно.“

<3

17 јули 2017 - 13:24