На Патрик Фризен, главниот готвач во ресторанот Квин Чау во Енмор, Австралија му е дојдено преку глава од непринципиелни муштерии и луѓе без основни познавања од терминот што толку жолчно инсистираат дека ги опишува.
И го пиша ова на Инстаграм:
„Може ли луѓето со посебни диететски побарувања да почнат да се разбираат што јадат, а што не? Божем алергија на школки, а јаде сос од нив. Не смее глутен, ама смее, само да не е во леб. Вегетаријанци што уживаат во пилешки крилца. Пескетаријанци што јадат пилешко.
Одлучете се више еднаш и кажете му на келнерот. Им отежнувате на луѓето со вистински алергии и специфични диети.“
За Дејли Телеграф, Фризен го дообјаснува постот:
„Ти доаѓаат луѓе на прв состанок и ти викаат, ‘Алергичен сум на кромид’ само затоа што не сака да смрди на кромид. А во кујна тоа ќе биде мачење. Особено кога мора да внимаваме на одредени алергии.
Луѓе. Остај ги без надзор на кратко и ќе направат мода од алергии.
Бонус: Еве како да го следите најновиот тренд и да станете нетолерантни на глутен: