100 години фустани за деверуши

Пред деверушите да влезат во една од најскапите индустрии на денешницата, биле само едно практично решение. Во антички Рим, не било на пример срамота да облечеш бело (божем не ја почитуваш невестата). Напротив, деверушите ги облекувале исто како неа, рачунајќи дека ако дојдат зли духови, ќе бидат толку глупи што нема да ја „земат“ невестата, туку некоја од другарките.

Векови покасно, посветеноста не се мери според тоа колку си спремна да го изедеш од демони за другарка ти, туку колку си спремна да се брукаш во идиотски фустан ист како на уште пет такви како тебе.

А некоја деценија покасно од тоа, ако другарка ти не те мрази, ќе имаш шанси да се облечеш во што сакаш, со тоа што може евентуално да се договориш со другите пет да бидете облечени некако слично, ама пак различно.

2 август 2017 - 13:02