Можно ли е двајца луѓе сексуално да се нападнат меѓу себе?

Баш со ова прашање се бави Универзитетот во Синсинати, сосе сите правни, анатомски и емотивни неверојатности што го опкружуваат.

Убавина зад решетки

Имаат ли жените осудени на затвор право на пристап до средства за разубавување?

Со лажица во гаќи против присилен брак

Во Шведска ги советуваат девојките што се плашат дека можат да бидат одведени во странство поради присилен брак или женско обрежување, да стават лажица во долната облека пред да поминат низ скенер на аеродром.

Што кафе излегува од машина за еспресо вредна 35.000 долари?

Денешниот пазар за машини за еспресо нуди од основни домашни опции од 40 долари до комерцијални, италијански машини што стигаат и до цени од над 12.000 долари. Сепак, вистината е дека откако ја измислија Италијаните машината за еспресо кон крајот на 19-ти век, до сега има неверојатно мал број на подобрувања на технологијата.

H&M и Москино нешто спремаат и треба да чекаме до ноември

Ова е една од повозбудливите соработки на H&M после онаа со Лагерфелд од каде што излезе и најјаката реклама на светот.

Негламурозни правила за лет

Без разлика дали сте почувствувале на сопствена кожа, или сте гледале слики од јавни фаци на аеродром, до сега требаше да ви биде јасно дека нема многу гламур во често патување.

Тешко е да се патува како инфлуенсер

Не е ни чудно што ги плаќаат за да се сликаат. Ешли Матео од Космополитен се обидува да копира Инстаграм постови од популарни ликови и не поминува баш среќно.

Мрачната историја на очилата за сонце

Денес се дојдени до степен да бидат начин на изразување, додаток на целокупниот изглед и статус симбол. А порано? Па, не биле толку јаки.

Зошто се свадбите толку скапи?

Двајца се договараат да се јават, да побараат цена од ресторан (или што и да е) за прослави. Тој кажува „семеен собир”. Таа кажува „свадба”. Разликата? Свадбата води со цели 2000 долари.

Убавината на Изабела Роселини

„Мислам дека терминот анти-ејџ не е баш позитивен, затоа што промовира негаитвен начин на гледање на себеси. За мене, тоа е тажен начин да се започне денот.”

Луѓето зад Diet Prada конечно се отворија

Инстаграмот Diet Prada е еден супер феномен, веќе етаблиран на модната сцена, дури и функционира како контроверзна сила за промени во индустријата. Симпатично е да се мисли дека еден голем дизајнер, за уште поголем бренд со страв отвара Инстаграм, молејќи се да не го закачи Diet Prada - тајновитиот, остар Инстаграм профил веќе некое време покажува со прст на лажњаци, реплики, копирачи и наводни омажи.

Додека се обидуваш да направиш бебе

Сопственичката на Мan Repeller, Леандра и покрај нејзиното ведро однесување, лани му објави на светот дека одвнатре се распаѓа поради борбата до конечно станување мајка. И после триста премрежија, ѝ успеа - роди близнаци само што, има неколку работи што посакува некој да ѝ ги кажел додека се трудела и (освен овој последен пат со близнаците) не успевало.

Како да го изберете вистинскиот (црвен) кармин

Не е само да лупнеш црвена боја - најфилмскиот, најобожаваниот и најзборуваниот кармин во историјата на шминката има цела филозофија зад себе.

Модната психологија добива свое списание

Знаеме што е психологија. Со идентификување на несакано однесување и замена со подобри навики, психологот може да промени нечиј живот. Но, што правиме модната психологија?

Едноставно, не постои совршена маскара

Иако има многу кандидати што можат да влезат во конкуренција, тешко дека постои маскара што го прави тоа што го ветува на сајтот/рекламата/кутијата. И тоа ни е јасно и на нас и на многу други интервјуирани за Into The Gloss.

Како Ешли Греам се спрема за црвен тепих

Реално, не ќе да е вака, со оглед на тоа што се најмува цел тим од стилисти, шминкери и други сродни експерти за на црвен тепих, но! Ова изгледа толку лесно и едноставно, плус дава таков ефект, што не е лошо да поќутиме и да погледаме.

Не може Барби СИТЕ да ги претставува

Пред некоја недела се појави слика на Инстаграм профилот на Барби, од три кукли што божем ќе гледаат филмови. Две од белите кукли, една платинум-русокоса, а друга бринета имаат обични фризури, а црната Барбика е поавангардна: дел од косата и е црна и во плетенки, а останатиот е фарбан и во бранови.

Очигледниот совет за продуктивност што некој мораше да го каже

Наводно, пред години, „мудра, постара жена” на писателката Елизабет Гилберт и рекла: „Мора да научиш да кажуваш НЕ и на работите што сакаш да ги правиш, знаејќи дека имаш само еден живот и немаш време и енергија за сè.”

Розеви паркинзи, резервирани за жени

Не можеш да ги промашиш: паркинг простори обележани со розеви граници, со штикли или розеви фигури со мини-сукњи на нив, и напишано „Прво жени паркираат” на англиски и корејски.

Пак дојде време за бели штикли

Отсекогаш била тенка линијата меѓу добри бели штикли/чизми, и ужасни и евтини (на изглед, оф корс). Затоа и веројатно имате предизвик сезонава, да најдете од првите, затоа што изгледа ќе се враќаат.

Зошто кралската венчавка е супер за феминисти

За време на втората светска војна, ги советувале кралот и семејството да се префрлат во Канада. На оваа идеја, тогашната кралица (Кралицата мајка), одговара: „Децата нема да одат без мене. Јас не одам без кралот. А кралот никогаш нема да замине.”

Балканско културолошко присвојување

Односно, разнебитување на Македонија - категорија: мода.