Шминкери од светот - откажете се

Дојде Џин Симонс.

Баталете туторијали за шминка. Заборавете и колку пати сме пишувале во суперлативи за некој туторијал. Да, сме имале јаки, го имавме тој со cat-eye, ја гледавме Ријана како се спрема за излегување, се занесовме и со најдоброто видео за шминка, ама тогаш не знаевме дека Јутјуб држи еден туторијал, каде што Џин Симонс објаснува како се доаѓа до неговиот изглед за на концерт.

И не е тоа квантна физика, со оглед на тоа што неретко луѓето се одлучуваат за таков костим за некаков 1-ви април/Халовин, иако е освежување да се види како човекот лично го прави тоа.

Јакото е во тоа дека Џин Симонс шминка и дека ниеден Јутјубер нема никакви шанси со неговото мирољубиво шлапање и смирено зборување додека си работи и си објаснува.

Значи стварно, шминкери од светот - откажете се, или барем седнете да видите како се предава техника, ако некогаш ви падне на памет да пренесувате знаење.

И глејте Софи колку е нормална.

30 мај 2018 - 22:31