Модната психологија добива свое списание

Знаеме што е психологија. Со идентификување на несакано однесување и замена со подобри навики, психологот може да промени нечиј живот. Но, што правиме модната психологија?

Идејата може да ви се чини сомнителна, но тоа не значи дека популарноста на оваа кованица не расте секој ден. Модните психолози сакат да ги разбереме нашите естетски импулси, информирајќи ги и луѓето и брендовите за импликациите на тоа што се носи и што се произведува. Лондонскиот колеџ за мода има и постдипломска програма на темата, а тројца магистри од таму, Џудит Ачумба-Воленстин, Сузан Е. Џин и Пак Лун Чиу основаат онлајн списание за да го воведат светот во модната психологија. Хаџински го добива името по Хаџо Адамс и Адам Галински, психолозите кои ја најдоа врската меѓу облеката и човечките чувства.

И еве како дошло до тоа.

Многу луѓе се скептични околу терминот „модна психологија”. Што значи и како функционира во модерниот свет?

Чиу: Сте слушнале ли кога ќе речат дека ако носите многу жолто, значи дека сте среќна личност? Или ако носите отворени фустани, значи дека сте екстровертни? Во минатото, модната психологија била поповрзана со тривијални коментари и знаења. Нешто како неделен хороскоп, но со многу повеќе доверба од луѓето.

Самиот поим „психологија” е широк, но модната психологија не им кажува на луѓето кои се само врз основа на тоа што го носат. Ниту пак ги вади најдлабоките и најмрачни тајни, па да ги сошие на облеката. Всушност, се работи за идентификување на односите што ги имаме со нашата облека и разбирање на овие поврзаности за да се создаде побогато, и подолготрајно искуство со модата.

Зошто го почнавте Хаџински?

Воленстин: Модата е многу човечко искуство. Ние сме единствените цицачи кои ја носат оваа „втора кожа”. Го започнавме Хаџински, откако сфативме дека луѓето сè уште се мачат да разберат што е модна психологија и што таа може да понуди. Не очекуваме да ги имаме сите одговори, но се надеваме дека барем ќе биде место за дијалог.

Што може општеството да научи од разните гранки на модната психологија?

Џудит: Моето искуство со модно брендирање и комуникација и истражувањето се во областа на когнитивната психологија која се бави со внимание, памтење, перцепција и решавање проблеми. Се работи за разбирање на тоа како она што го носиме може да влијае на нашите размислувања, дела и чувства. Влегов на студиите мислејќи дека ќе си ги одговорам сите прашања за модата. Но секоја нова информација што ја откриваме отвара повеќе прашања. Истовремено е возбудливо и малку фрустрирачки.

Пак: Јас се бавев со клиничка психологија, односно користење на психологијата за да се поддржуваат луѓето - бев типичен психолог. Се обидувам да го разберам проблемот од аспект на самиот човек. Ова е уште една од убавините на Хаџински. Нема многу организации за модна психологија кои ја имаат потребната обука да влезат во нечија кожа и да разберат што може модата да направи за да создаде подобро општество.

Џин: Јас почнав со моден дизајн и креирање облека за крупни жени, група која сè уште се бори за претставување во модната индустрија. Ова ме доведе до социјалната психологија, која се бави со тоа како на луѓето им влијаат и како тие влијаат на социјалните сетинзи. Изучувам како го конструираме нашиот идентитет врз основа на тоа во кои модни социјални групи припаѓаме и го применувам тоа знаење а развијам решенија за поголема разноликот и инклузивност во модните организации.

Што сметате дека е цел на модата?

Џудит: Реалноста е дека модата е дел од сечиј секојдневен живот. Политична е и може да предизвика социјални промени. Модата влијае и на нашите односи со луѓето и начинот на кој работиме и може да подобри животи со тоа што одново ќе го постави чувството на идентитет.

Истражувања имаат покажано дека носење на формална облека го подобрува апстрактното размислување на еден човек, што е поврзано со нешта како способноста за штедење пари. На пример, луѓе со физички недостаток често носат тренерки заради комфор и страдаат од двојна дискриминација: прво, поради нивниот инвалидитет, а второ заради облеката. Брендовите што се бават со тоа можат да променат нечиј живот.

Една од вашите статии тврди дека љубезноста повеќе не е во тренд. Како може да се искористи модата за да се оформи подобра иднина?

Пак: Нема сомнеж дека модата во светот носи многу возбуда, но вечно-подвижниот пазар става огромен притисок на луѓето што се бават со мода професионално. Финасиските побарувања ја нарушуваат креативноста.

Брендовите мораат да ја препознаат општествената важност што ја има модата за да создадат промени. На пример, многу делови од индустријата се справуваат со прашањата за оддржливост преку наука и технологија. А сепак, без да се најде вистинската емоционална релевантност на модата и оддржливоста во однос на животите на луѓето, оваа технологија не може да се примени толку добро колку што реално може.

На крај, постојат ли митови за модната психологија кои би сакале да ги растурите?

Сузан: Дефинитивно: Најчесто се греши дека можеме да читаме мисли и дека судиме за луѓето врз основа на тоа што го носат. Иако би било супер да сме видовити, повеќе се бавиме со креирање на побогати модни искуства за секој човек. Модната психологија не прави помоќни и помага повторно да си го вратиме чувството на вредност како личности.

28 мај 2018 - 22:30