Двојниот живот на Анаис Нин

Писателката Анаис Нин дваесет години успешно водела двоен живот, мажена за двајца, без ниту еден од нејзините мажи да знае за другиот. Случајот се открива дури по нејзината смрт во 1977 година, и останува еден од најнеобичните примери за двоен живот во културната историја на 20 век.

Во 1923 година, Нин се мажи за Хју Паркер Гијер во Париз - банкар, финансиски стабилен и доволно флексибилен за да ја поддржува нејзината писателска работа и чести патувања. Со него го гради својот јавен живот и литературната кариера, а тој останува убеден дека е нејзиниот единствен партнер и центар на нејзиниот свет.

До доцните 1940-ти, меѓутоа, Нин почнува да води паралелен живот. На другиот брег, во Калифорнија, (со Гијер живее во Њујорк) го запознава Руперт Пол - згоден поранешен актер, шеснаесет години помлад од неа. Со него започнува ново поглавје, и во 1955 година склучува брак во Аризона, без воопшто да го прекине бракот со Гијер.

Двата животи ги одржува со внимателна логистика. Њујорк му припаѓа на Хју, Лос Анџелес на Руперт. Има одвоени станови, телефонски линии и строго планирани патувања, така што секој маж верува дека е единствен. Во јавност, таа е сопруга на Гијер; приватно, води семеен живот со Пол.

Ситуацијата останува чудесно непредизвикана повеќе од две децении. Дури по нејзината смрт, Пол дознава дека нејзиниот брак со Гијер никогаш не бил прекинат и правно останал валиден. Наместо да ја отфрли, ја прифаќа сложеноста на нејзиниот живот и станува управител на нејзините дневници и литературно наследство.

Случајот на Нин е редок пример каде жена систематски одржува двоен живот - не мотивиран од измама или финансиска корист, туку од потребата да се живеат паралелни идентитети. Обично ваквите тајни се распаѓаат од логистичка тежина, од сомнеж и емоции, но Нин успевала да функционира со децении и да ги хендла и најблиските.

Често пишувала за фрагментираните идентитети и противречностите во човековата природа и во нејзиниот случај не биле само тема, туку начин на живот.

15 септември 2025 - 10:18