Еве цитати од повеќе жени кои меѓу другото ги прашале и за омилената маскара. Во кој одговор ќе се пронајдете?
Или одамна се откажавте, па лепите трепки?
„Никогаш не сум нашла маскара од која сум била вистински задоволна, па менувам брендови и типови на секои неколку месеци.” - Елизабет Ројал.
„Скокам од една на друга, таму експериментирам… Не сум мажена за ниедна и мислам дека не треба да се даваат по 75 долари за маскара.” - Елизабет Салцер.
„Веројатно ќе потрошам 5-6 различни во текот на една година.” - Сузан Лин
„Сакам трепките да ми бидат многу долги и тешко е да се најде совршена комбинација од четка и формула. Понекогаш четката е супер, но многу производ остава. Имам многу маскари затоа што секогаш комбинирам да најдам што најдобро функционира.” - Анаис Мали
„Ставам што стигнам.” - Софија Аморусо
„Скокам од маскара на маскара.” - Наоми Шимада
„Кога се работи за маскара, само да е црна и скроз сум промискуитетна и ќе ставам што и да е. Маскарата прави моите непостоечки трепки да постојат.” - Ванеса Фридман.
„Ако имам маскара, не ми е гајле кој бренд е. Сè ќе ставам, само да е црно.” - Кило Киш
„Цело време ги менувам - понекогаш е Мејбилин, понекогаш е Шанел, понекогаш е Гучи. Маскара користам почесто од било која друга шминка.” - Дафне Гроенвелд
„Не сум нешто лојална на маскари - едноставно користам тон различни.” - Марија Дуенас Џејкобс
„Никогаш не сум можела да направам разлика меѓу маскари. Нели, сите го прават истото, така?” - Алис Грегори