Кафе Менопауза

Од биологијата не се бега. А тоа значи дека или познавате некој што има потреба од дружби со наслов „Кафе Менопауза”, или доволно сте созреале и на вас да ви се засвиѓа идејата.

Да не мислите дека Асиа Арџенто заборавила

„Ме силуваше Харви Вајнстин тука во Кан. Имав 21 година. Фестивалот му беше како ловиште.”

Модната индустрија сè уште ја водат мажи

И покрај тоа што има репутација на женска индустрија, едно ново истражување покажува дека модата сепак ја водат мажи. Насловот на истражувањето има занимливо име, „Стаклена писта” и ќе издаде неделава Советот на модни дизајнери на Америка, Гламур и Мекинси и Ко.

Толку од girl power-от на Хилари Клинтон

Во трката за гувернер на Њујорк, се очекува Хилари Клинтон да го поддржи Ендру Куомо, наместо Синтија Никсон, ака Миранда.

Супер ѝ е на Меган

Кој би рекол дека девојчето туристички сликано пред Бакингемска палата, години подоцна ќе носи титула што не била доделена уште од 1800-тите?

Манекенки се сеќаваат на Азедин Алаја

„Приказната на Азедин е како бајка,” раскажува Фарида Келфа, пријателка и муза на дизајнерот за Вог. „Дошол од Тунис, стигнал во Париз за време на Алжирската војна. Било тешко време за луѓето од овој дел на светот и морал да се бори за неговата љубов за работата.”

Го дадоа Хари

Она што вчера се случи, накратко е следното: разведена Американка се мажи за човек чиј брат ќе стане крал, само заради таткото на неговата баба по татко, кој станал крал само затоа што брат му сакал да се ожени за разведена Американка.

Зошто решив да не живеам со дечко

Хејли Наман, која работи за еден од најважните женски блогови денес, има дечко, го сака, ама решава да не живее со него. И многу е важно зошто.

Да те покака пиле, ама да си платиш

Козметички третман со измет од птици - колку убаво!

Мажи пробуваат вештачки трепки

Некој ќе праша зошто. 
Така.

Ај да не купуваме Кајли Џенер кармини од пазар

Со должна почит кон продавачите таму, ама не е до нив. Копиите на скапите брендови за шминка се опасни по здравје.

Лажете ли на Тиндер?

Неверојатно е со каква леснотија луѓето праќаат пораки полни глупост, особено кога некој им се свиѓа. На пример, кога на некого намерно му праќаш порака со специфични информации, па после му пишуваш „еј, не беше ова за кај тебе.” Или кога ќе додадеш уште шест непотребни детали на објаснување зошто сакаш да презакажеш состанок, во надеж дека ќе звучиш поубедливо. И други слични работи, јасно ви е.

Колку сте зависни од Инстаграм?

Ако ве интересира колку време од денот ви оди на Инстаграм, сега конечно ќе можете да следите. Инстаграм има алатка, Usage Insights, длабоко закопана во апликацијата за Андроид, како одговор на сè поголемите секирации дека луѓето стануваат зависни од телефонот.

Не е можно Дајен Китон дури сега да се претвора во тетка

Ќе игра во филм каде што нејзиниот лик чита „50 нијанси сиво”, а во приватен живот се плаши да ја прочита.

Не сакам деца и доста ме убедувате дека ќе се предомислам

Дали ви се верува дека сè уште е прифатливо, и не само што е прифатливо туку и најнормално да мислиш дека имаш право да кажуваш како другите треба да си го решат животот? И дека овој пораз на човештвото опфаќа и да имаш мислење дека една жена треба по секоја цена да роди, само затоа што - може?

Веганската маскара на Глосиер не е баш веганска

Од Глосиер на сајтот напишаа дека Lash Slick е вегански производ, и све супер, само да не соддржеше пчелин восок.

Папата носи Прада

После „Мода и католичка имагинација”, со сите тие крстови, трнливи круни и слично, ред е да се потсетиме дека не е нов тој флерт на модата и католицизмот - напротив - ниедна голема религија не е поштедена од каприцот на модата да сквернави во името на драматичен аутфит.

Да не ве лаже ни Шнајдерман, ни „50 нијанси сиво”

Си има како се игра со садо-мазо и улоги.

Кој сака машка, хипер-реалистична секс-кукла?

Поточно, кој дава 10,000 долари за машка, хипер-реалистична секс-кукла?

Маицата што ќе ни треба после последнава Мет Гала

Кога се поканети на журка со тема „католицизам”, сите се инспирираат од ренесансни слики, витражи, Мадона-статуи и главно златно, луксузно и црвено. Само Ријана се облекува во Папа.

Простете ѝ на Џорџина Чепмен

Модниот женски папа Ана Винтур во нејзиното јунско уредничко писмо, меѓу другото замоли и да не ѝ се лутиме на Џорџина Чепмен. Тажното е што Џорџина Чепмен не ја ни знаевме како дизајнерка, пред да ни кажат медиумите кој ѝ е маж, и пак не ја знаеме по работата. Затоа што мажот е Харви Вајнстин.

Кожното фрижидерче на Александар Ванг

Минатата недела Бела Хадид и Александар Ванг се појавија во една неочекувана кампања, како нови лица на сладоледот Магнум.

Девојките што се сингл подолго време завршуваат најсреќно

Можеби не се навикнати да бидат „нечија девојка”. Можеби биле сингл цел живот. Можеби имаат бивш дечко што ги напуштил и ништо после него не биле сериозно. Или пак, им треба пауза од дечковци затоа што им дошло премногу.

Јас сум жената што има сè

Како жител на планетата Земја, сум слушнала многу луѓе кога ќе прашаат: „Можат ли жените навистина да имаат сè?” а други ќе одговорат, „Можеш да имаш сè, само не во исто време.” Е па, погодете што, луѓе. Грешите! Јас имам се! Јас!