Мажи пробуваат вештачки трепки

Некој ќе праша зошто. 
Така.

Од сите нешта што можат да се читаат и да се гледаат на интернет, од сè што може да се научи, од сите корисни алатки, еве нè, гледаме видео од три-дневен предизвик на двајца (мажи) вработени во Refinery29 - да видат како е со вештачки трепки.

Запазени се сите елементи: дечките немаат поима, симпатични се, ама не се женскасти и ич не им е јасно како може тоа да го прави некој секој ден.

Едниот на крај научува колку жените заслужуваат почит што секој ден поминуваат време на такви или слични работи. Другиот не научува ништо освен дека ич нејќе вештачки трепки.

17 мај 2018 - 15:29