Италијанската актерка и режисерка е една од помоќните и поистакнатите фигури во движењето #MeToo, не штедејќи зборови кога се работи за нејзиното обвинување кон Харви Вајнстин и културата на соучесништво што му овозможила да може да „лови” жени како нејзе. На сличен начин продолжи и на последниов Кански филмски фестивал, кога оддржа опасен говор пред публиката, додека доделуваше награда за најдобра актерка.
„Ме силуваше Харви Вајнстин тука во Кан. Имав 21 година. Фестивалот му беше како ловиште. Сакам да предвидам нешто: Харви Вајнстин никогаш нема да биде добредојден тука повеќе. Ќе живее во срам, отфрлен од филмската заедница која некогаш го прифаќаше и му ги покриваше злоделата. Дури и вечерва, меѓу вас седат такви кои треба да преземат одговорност за нивното однесување кон жените. Си знаете кои сте. Но, што е уште поважно ние знаеме кои сте и нема да ви дозволиме да се извлекувате така лесно повеќе.”
Le puissant discours d’@AsiaArgento pendant la cérémonie de clôture de Cannes. « J’ai été violée ici en 1997 par Harvey Weinstein ». 👊💪 pic.twitter.com/Qn1uguRzP4
— Hugo Clément (@hugoclement) May 19, 2018
Холивуд Репортер забележува дека настапила тишина меѓу луѓето, несигурни како да реагираат што се директно прозвани за поддршка на однесувањето на Харви Вајнстин. Харперс Базар додава: „вистината боли”.
Сепак, да не мислите дека и ние сме заборавиле, а и кога веќе се фатија овие вториве за вистината, може ли да бидеме досадни combo breakers и уште еднаш да прашаме: што е всушност вистината?
Затоа што, во екот на #MeToo пишувавме дека во целиот тој хаос е можно да настрада Оливер Стон, и таму се спомна и конкретната изјава на Асиа Арџенто:
На пример, онаа на Асиа Арџенто, актуелната девојка на Ентони Бордејн. И таа деновиве обелодени дека била силувана од Вајнстин. Поточно дека тој свовремено со сила извел орален секс врз неа (?). Што, простете ни на неукоста, е прв случај на орално силување за кој сме чуле (а да бил изведен без физичка или вербална закана). Според нејзините зборови, во текот на тој чин таа решила да се преправа дека ужива, како што вели, во надеж дека овој побрзо ќе заврши. А тоа не сè што се случило меѓу нив двајца. Подоцна имале сексуална врска за која Арџенто признава дека била консензуална. Ама па, вика таа, „мислела дека така треба“.
Оди па фати му крајот.
Дали е victim blaming ако се постави вака: Харви Вајнстин е говедо, како и многу луѓе, само што, ако се преправаш дека ти е фино (со било кој), плус после тоа и се согласуваш да бидеш во врска со него некое време, како да дознае дека е говедо?
Во секој случај, за човек што ги слушнал аудио снимките од сељаштината на Вајнстин, не е тешко да поверува дека длабоко во себе - не ѝ било пријатно. Ама ете. Ние да си прашаме.
Како и да е, за каузата - girl power