
Сè имам.
Имам две деца и притисок да се однесувам како да не постојат кога сум на конференциски повик.
Имам професионален мандат да знам што се случува во поп-културата, и единаесетгодишник што ми кажува да „престанам да се преправам дека сум кул”.
Немам проблем да лажам дека „сум на состанок” кога сум со децата и немам проблем да ги лажам децата дека „морам да работам” кога сум на Фејсбук.
Имам флексибилен морал и ригидна незрелост.
Имам деца кои ме присилуваат да правам сè во животот со поголема ефикасност и професионална претпоставка дека сега, откако имам деца, сум помалку ефикасна.
Почнувам да покажувам особини на баба и истовремено ми се појавуваат грди мозолчиња на брадата како да имам 15 години.
Имам бесцелни состаноци на работа и дома. Бесцелноста е клучна компонента на мојот бренд.
Имам колеги кои ми кажуваат дека не сум доволно агресивна и дека никогаш нема да го добијам тоа што го сакам од мојот тим и колешки што ми викаат дека сум премногу агресивна и дека тоа ги растажува.
Имам доволно упорност да пумпам мајчино млеко ми се чини илјада пати на ден на службен пат и дрскост да го пријавам како трошок на фирма кога го праќам назад до бебето, само за да ми биде одбиен трошокот.
Имам праведен гнев и уште повеќе праведен гнев. Всушност, имам толку многу праведен гнев што можеби сум лик од Библијата?
Имам илузија дека сум во Библијата и дека ќе ме бива за популарен секуларен маченик.
Мислите дека ќе завршам на Опра?
Имам фантазија дека ќе завршам на Опра, и длабоко убедување дека ако некогаш ја запознаам, ќе ѝ побарам пари.
Јас го имам статусот на таа што носи леб дома и статусот на главниот родител. Имам толку многу статуси.
Имам самодоверба да кажам што мислам и да поставувам тешки прашања за проектот на кој работам и способност да се воздржам да не ми прокрварат ушите кога полна соба машки клиенти ми објаснува што не разбирам за женска таргет публика.
Имам способност да те слушам како лажеш за про-семејна, работна култура како да слушам бајка за прв пат и истовремено да ме мава цинизам до степен да сакам да те потапшам по глава што така слатко лажеш.
Ми доставуваат пица до дома, и уште пица до дома. Имам најмногу пица на свет.
Имам и фрустрација и иритација. Всушност, тие две се обично истото.
Да не не го разбрав прашањето?