Модната индустрија сè уште ја водат мажи

И покрај тоа што има репутација на женска индустрија, едно ново истражување покажува дека модата сепак ја водат мажи. Насловот на истражувањето има занимливо име, „Стаклена писта” и ќе издаде неделава Советот на модни дизајнери на Америка, Гламур и Мекинси и Ко.

Дајен Фон Фурстенберг, која е претседател на советот, за Њујорк Тајмс изјавува:

„Не зборуваме толку за тоа затоа што е познато чувство. Но понекогаш мора да кажеш нешто за луѓето да не можат да се преправаат дека не е вистина.”

Учествуваат 191 модна компанија, од бутици до креативни и корпоративни сектори. Анкетата ја пополниле 535 луѓе. И како и кај повеќето индустрии, се открива дека постои многу мала разлика во амбиција кај машки и женски студенти за мода и дека повеќето студенти во модните школи се женски. Сепак, само 14 проценти од големите брендови ги водат жени. Во временскиот простор меѓу влегување во индустријата и стигнување до висока позиција, откриено е дека жените се соочуваат со пречки од типот „имање семејство, сексизам, недостаток на менторство и самодоверба, понеагресивно бркање унапредувања.” Понатаму, 100% од жените што биле интервјуирани за истражувањето (а биле интервјуирани 20 жени) рекле дека има проблем со нееднаквост меѓу половите, додека само половина од интервјуираните мажи го кажале истото. Резултатите може и да се неочекувани со оглед на тоа што има многу видливи, пофалени главни и одговорни жени во индустријата, како на пример Емили Вајс, но нека не ве лаже видливоста на Инстаграм.

Истражувањето содржи и некои решенија, вклучувајќи критериуми за напредување и флексибилен распоред. Но целта е поинаква, според Фон Фурстенберг: да се освестат луѓето и секторите за човечки ресурси. Концептот за истражувањето е роден после Женскиот марш во 2017-та, но во комбинација со филозофијата на #MeToo, добро време е да се почне да се размислува за тоа кој ја води играта во индустрија која е главно насочена кон жени.

22 мај 2018 - 13:38