Да те покака пиле, ама да си платиш

Козметички третман со измет од птици - колку убаво!

Звучи и глупо и ужасно, ама - постои. И тоа не е без врска и не е изводење. Методот потекнува од Јапонија, уште одамна, кога кабуки артистите и гејшите си ги мачкале лицата со штетни бои полни со олово и цинк, па се доведувале во смртна опасност, или си ја уништувале кожата на лицето. За да се спасат, им текнало дека е во ред и гомца од пиле. А скроз не сакајќи откриле дека не само што не се умира, туку и после тоа лицето им било освежено и средено.

Премотај до денес и ова може да си го платиш на козметичар.

Во консултација со дерматолог, една девојка решава да го проба третманот, и притоа добива информација дека као, „не е гадно” затоа што изметот поминува низ УВ зрачење, па така се ослободува од штетни материи, додека му остануваат сите корисни „состојки”, некои од кои често секако се наоѓаат во производите за нега што ги користиме секојдневно.

Ајде да видиме како тоа изгледа. Во меѓувреме, чул некој кај нас да има козметичар што третира со вакви работи?

Види, има и за беспари:

18 мај 2018 - 09:21