
Потребни се многу чекори за да дојдеш до ваков обичен заклучок. Но ако си тип на човек што има навика да чита сè што влегло под хаштаг #productivity, можеби треба да размислиш на темава.
На тие што ги привлекува „завршување на работите”, јака страна им е да бидат внимателни, според повеќето психолози што ги интересира темата. Ваквите типови сакаат да поставуваат цели и да прават планови. Истовремено, имаат тенденција да ја оддолжуваат гратификацијата, и следат норми и правила. Она каде што најмногу запнуваат и каде што најмногу им треба помош е како да не си завршуваат работа. Како да одлучиш што да не правиш, кога сакаш да направиш сè?
Во книгата Wonder Over Worry на авторката Амбер Реј се објаснува дека, „Мораш да научиш како да почнеш да кажуваш НЕ на работите што всушност ги сакаш.” Анегдотата е позајмена од Елизабет Гилберт, т.е. од мудрата постара жена.
И во поглавја означени како Wondervention, Реј прикажува вежби за читателите да можат да си запишат што ги нервира по ова прашање. И советот е да направите четири списоци со следниве наслови:
Нешта што ги сакам
Нешта што ги сакам повеќе
Значи избирам
И ќе престанам

Може да биде незгодно, ама откако ќе изнапишете сè на свое место, можеби ќе ви стане јасно на што навистина треба да се фокусира енергија и што треба да се направи приоритет. Не е лоша вежба ако никако да постигнете баш сè што ви паднало на памет, а притоа имате чувство дека ништо не ви оди од рака.
Нека ви одат само најважните ствари.