Зошто се свадбите толку скапи?

Двајца се договараат да се јават, да побараат цена од ресторан (или што и да е) за прослави. Тој кажува „семеен собир”. Таа кажува „свадба”. Разликата? Свадбата води со цели 2000 долари.

Тајната е во информациите, а цаката е во тоа колку го разбираме пазарот. Леб купуваш секој ден, па знаеш дека 140 денари за векна леб е многу, не мораш да прашуваш по луѓе. А свадба правиш… Па сега, најчесто еднаш, до два пати. И не можеш на своја кожа да осетиш што е премногу, а што е нормална сума. Прашувај ти по другарки колку сакаш какво мени избрале и колку им земале за фустан, не е исто како кога сам знаеш да процениш.

До кои крајности може да се отиде пишувавме овде, плус како не мафтаат со „што све мора да се има” пишувавме и овде.

А еве, луѓево ќе објаснат и во детали кај лежи зајакот, барем во Америка, од каде што ние гледаме, па ни текнува дека „и ние мора вака”.

31 мај 2018 - 11:38