Мора ли тој тренд и на вашата свадба?

Уште од лани по интернет има совети од битни ликови во свадбената индустрија за тоа што треба да се престане да се прави. На англиски. Затоа што по Америка се претерало со теглите, машните од коноп, едно те исто осветлување од новогодишни сијалички, домишљати ознаки на масите за гости и слично. А кај нас? Камо да имавме повеќе глупи тегли, ние сме уште кај бутањето врата.

Со тоа што, вратата и не е најлошата заебанција во целиот аранжман. Ама како луѓето не се уморија од истото сликање, истата храна и истиот редослед на настаните – останува нејасно.

За американскиот пазар, теглите, дивите цвеќиња и бапскиот прибор стануваат досадни. Новиот совет (што важи за цела планета) е: вашата свадба треба да биде безвременска и да го одразува вашиот карактер како пар.

Размислете прво кои епитети сакате да ги користите за вашата свадба за 30 до 50 години. За другото, мислење ќе дадат некои од омилените организатори на свадби на Вог. И согласни се за едно: едноставноста секогаш победува.

Што да не се прави:

„Бело и пастелно. Ваквите свадби секако знаат да бидат убави, ама досадни се. Сакаме да работиме со клиенти што сакаат нешто поинакво, нешто што не е видено дотогаш и е автентичен одраз на нивниот личен стил и карактер.“

-Џеси Томбс од Алисон Евентс

Кај нас? Турете малце боја на тоа фустаните и масите, не е постои само пастелно.

„Кога се пресоблекува невестата. Модата е многу важна, но да бидеш присутен е уште поважно. Го планираш ова со месеци, а имаш само неколку саати да поуживаш во резултатот. Невестата треба да биде присутна, да се забавува со омилените луѓе и да си помине одлично.“

-Брајан Рафанели од Рафанели Евентс

Полокално, мора ли фустанот да ви биде 4000 евра? Мора ли? Тоа е половен Голф. Плус, ако веќе сте запнале, еве што значи скапа свадба.

„Божем слатки ознаки како „To have and to hold in case you get cold; As two families become one, pick a seat, not a side…“

(Ова без труд и буквално се преведува во „Да те чувам во случај да залади; Кога двете семејства стануваат едно, избери столче, а не страна“, односно глупости.)

Пинтерест ти нуди да си направиш јавно списоче за тоа што ќе имаш на свадба, и овие комбинации ги има кај и да се свртиш, па завршуваат и на сите свадби. Ознаките се за да им помогнат на гостите, па и хуморот е во ред. Ама ако толку сте запнале, додајте нешто што е својствено за вас како пар, или што одговара на вашата свадба.“

-Розмари Хатенбах од Розмари Евентс

Кај нас, ако веќе мора да имате домишљати покани, бар нека не ви бидат исти како на тие пред вас, и тие пред нив, и тие пред...

„Добро, социјалните мрежи се одличен начин за поврзување со луѓе, но кога се работи за свадба, луѓето претеруваат со споделување. Ние мислиме дека е супер кога паровите ќе им кажат на гостите да ги тргнат телефоните и да уживаат во моментот.“

-Мишел Раго од Мишел Раго Дестинејшнс

Овде само ќе ви кажам – „Ја/Го дадовме“.

Не е смешно. Не беше смешно кога се пишуваше без трошка сарказам, не е смешно сега кога божем се потсмеваме, хехе, на тие што пишувале „Ја дадовме“, па и ние така пресмешни пишуваме „Ја дадовме“.

Сменете малце. Постојат и други бои освен пастелни, други локации освен свадбен ресторан, други менија, други типови на осветлување, поинаква фотографија, покорисна распределба на буџет, подобар избор на музика...

Само не ги фаќајте пирошките.

7 август 2017 - 11:48