Убавината на Изабела Роселини

„Мислам дека терминот анти-ејџ не е баш позитивен, затоа што промовира негаитвен начин на гледање на себеси. За мене, тоа е тажен начин да се започне денот.”

„Наместо тоа, би била попозитивна - на пример, кремата што ја користам ми ја прави кожата поеластична, понахранета. А на усните ставам црвено затоа што ми дава чувство на радост. За мене, дефиницијата на гламур и софистицираност е тоа чувство на радост, тоа чувство кое се преведува во радосен чин, наместо чин на срамење од самата себе и користење козметика за да се сокриеш. Не сонувам да останам млада - не сум млада - сакам да го славам тоа што сум. Не се плашам од стареење. Мислам дека тоа е стереотип за жените. Мора да се промени. Се вратив на соработката со Ланком после 30 години, но не би го направила тоа за да кажам „Стара сум, но изгледам помлада благодарение на оваа крема.” Тоа е погрешно. Таквите изјави потекнуваат од некои стари вредности кои налагаат дека жената треба да останува дома, дека биологијата на жената ѝ ја одредува судбината. Тоа е изјава што живее во старомодниот пристап кон тоа какви се жените.

Во секое време имам - парфем, крема и кармин. Тоа ми е основно. Ако патувам за викенд, освен дезодоранс, патувам со тоа. Повеќе нема да најдете во мојата ташна. Кремата што ја користам е Rénergie Multi-Glow from Lancôme. Повремено ја менуваат формулата, но ја користам 30 години. Најчесто имам шминкер, а самата не можам да ги имитирам најдобрите шминкери. Затоа обично, кога се шминкам сама користам малку коректор околу носот и под очите. Обично некој течен. Затоа што особено на постара кожа, основата треба да биде многу лесна. Сè што користам е Ланком затоа што ми праќаат многу шминка и добри производи се и ги користам. После коректорот, ги цртам веѓите малку со молив, малку ги дизајнирам. Па со црн молив повлекувам линија меѓу трепките за да биде многу многу блиску до нив. Ставам маскара, но не премногу. Тешка е за вадење. Можете да се обидувате да ја вадите, и пак кога ќе се разбудите да бидете како ракун. Не ми се допаѓа тоа чувство, па ставам само на горните трепки. И понекогаш ставам светло-кафеава сенка.

Користам црвен кармин. Нијансата што ми се допаѓа е Merlot 188 од Ланком. Имам неколку, но оваа ми е омилена. Летно време ставам нешто посветло. Мислам, затоа што е страшно да работиш со толку добри шминкери, најлесно е да ставиш кармин, а дава одличен резултат. Ако сакате да се чувствувате нашминкани, ставете црвен кармин и бум. Нашминкани се. Ми треба молив за да ги нацртам усните прво. Потоа ставам кармин, па го вадам вишокот со хартија, па повторно нанесувам. Понекогаш ставам и проѕирен прав, за да потрае.

Никогаш не одам на козметичар. Тоа ми е бескрајно досадно. Можам да одам на масажи, но не ми се седи на козметичар. Можеби затоа што се предолги. Ако некој заврши работа за половина час, тогаш ќе поднесам, но час и половина ме полудува.”

30 мај 2018 - 21:44