Се разбира дека веднаш имаа за што да се побунат луѓето: почнаа да пишуваат до Мател, дека фризурата на куклата не ги претставува црните жени. Некои тврдеа дека ниедна црнкиња не би направила фризура како таа.
Чекај, само секунда.

Добро.
На некои и им се свиѓа, а ретки се тие што немаат коментар - толку многу луѓе се опседнаа со сликата што има стотици коментари за фризурата. Сепак, се поставува прашањето - може ли било која црна кукла да ги претставува сите црни жени? Може ли една црнкиња да ги претставува сите?
Проблемот овде не е дека баш оваа кукла не ги претставува сите жени, туку дека доцнат со фризурата. Во 2013 се појави Ријана како на сликата од погоре, па Џејда Пинкет Смит, Кеси, Аврил Лавињ и Кеша. Сите тие ја имаа таа фризура, што уште е позната и како Скрилекс, само што диџејот не е прв што ја носи (си има овој стил корени во панкот), туку беше најновата популарна фаца со таа фризура.
После Холивуд се опседна со фризурата, па ѝ се закачија Шакира, Кристен Стјуарт и Кармен Електра, со плетење на едната страна и оставање слободно на другата. Таква е и Барбиката - малку е Скрилекс, малку е Ријана и Шакира.
И кога овие збеснати коментатори на Инстаграм (неплатена професија што денес сите ја сакаат) би разгледале подлабоко во колекцијата на Мател, би виделе дека не е само еден начин на претставување на жените. Ако ги тргнеме на страна белите Барбики со какви и да се фризури, црните имаат и афро, и онаа скоро лустер, бланширана коса на Амбер Роуз. Има 40 кукли од сите раси, со седум типови на тела, 11 тонови на кожа и 28 фризури.

Оваа колекција на Мател е после долгогодишните критики дека куклите промовираат нереални стандарди за убавина. Сега кога веќе се поправаат, ред е светот да го прифати фактот дека ќе има кукли што им се допаѓаат и кукли што не им се допаѓаат, со тоа што едно не престанува да важи: конечно, за сите деца што се фаќаат за Барбики - постојат повеќе опции.