H&M и Москино нешто спремаат и треба да чекаме до ноември

Ова е една од повозбудливите соработки на H&M после онаа со Лагерфелд од каде што излезе и најјаката реклама на светот.

Името на колекцијата ќе биде Moschino [tv] H&M (или барем така изгледа од рекламите), а креативниот директор Џереми Скот вели:

„Моето животно дело е да ги поврзувам луѓето преку мода и со оваа соработка ќе можам да стигнам до уште повеќе од моите фанови…”

Во превод и Скот и остатокот од светот е бескрајно возбуден затоа што ќе може да носи нешто што има барем М од Москино - за ич пари. Добро, можеби не е за ич, ама сепак, многу, многу поевтино отколку да носиш само Москино. Сепак е H&M во прашање.

Ќе се појави на 8-ми ноември годинава и наводно ќе видиме експлозија на поп енергија како никогаш досега - во стилот на досегашните шарени колекции на Џереми Скот.

Според H&M, колекцијата ќе биде „радикално иновативен ТВ концепт, со микс на социјални и традиционални медиуми, за создавање на мулти-платформско преземање - фантастично, ново доживување за дигиталниот свет.”

Со оглед на тоа колку е Скот опседнат со поп-култура и шарено, се очекува колекцијата да биде баш таква, плус со многу, многу злато.

4 јуни 2018 - 16:30