Тоа му се видело како проблем на канадскиот бизнисмен Џејсон Прифонтејн, додека работел како увозник на кафемати во ’90-ти и 2000-ти. Во 2007-ма, Прифонтејн се сели во Сиетл и го создава Slayer Espresso, американскиот enfant terrible во светот на кафето, познат и по дизајн и по цена.
Врз основа на годините искуство во бизнисот, Прифонтејн дизајнира машина со екстра моќи: има патентиран механизам за контрола на течењето, што им овозможува на баристите да го манипулираат и трансформираат вкусот на еспресото, плус греач (кој уште чека на патент) кој ја зголемува температурата на пареата, создавајќи сува, невидлива пареа која пенетрира во зрната кафе подобро од традиционална машина за еспресо. Елементите за загревање се дизајнирани од посебна метална легура која нема да се скрши или да експлодира како што се случува со бакарните елементи.
Почетна цена на Slayer е 8.500 долари, и од таму оди само нагоре, кога ќе почнеш со персонализација. На пример, ако не ви се свиѓа основната алуминиумска надворешност, за 1000 долари плус може да се исполира по ваше. Можете да додадете дрво или карбонски панели, дури и кожа од страните. Од Slayer викаат дека еднаш продале машина од 35.000 долари затоа што била обложена со 24-каратно злато.
Уште да можевме сами да го преработиме кафето во злато откако ќе го испиеме, па да се исплати.