Не е проблем, пак ќе објасниме

Ќе има и време за фала, не е проблем, само вие научете.

Што сте запнале со телото на Адел?

Прво, Расел Бренд има Јутјуб канал, и тоа е откритие на годината. Пушташ видео и добиваш идеја како би изгледал Џек Спероу кога не би бил фиктивен лик и би ги прошол последниве 20 години како дел од општеството. Второ, не му е јасно што сте се потресле околу телото на Адел. Трето, од кај му е пењоарот?

Како индустријата за убавина нѐ прави грди

Кога веќе сме сигурни во две работи - дека старееме и дека евентуално ќе умреме, логично би било да го прифатиме тоа и да уживаме во животот, така? Знаеме дека не. 

Новата мода под Ковид е „мрзлив стил“, само дали ќе го преживее периодов?

Да не се повторуваме - короната ни го наруши секојдневието, плус многумина од нас работат од дома и се облекуваат баш за таа „канцеларија“. Она што го носиме стана една од ретките работи што можеме да ги контролираме. Како ќе се одрази ова за надвор и за после корона?

„Safecation“, или како ќе летуваме годинава

Несигурноста околу начинот на кој ќе ни се одвиваат летните одмори (ако воопшто се случат) сѐ уште трае, без разлика што некои држави отворија - Ковид сѐ уште владее, а на некои места што требаше божем да бидат смирени - се враќа.

Да ви е живо и здраво, кога второ?

Тања Хенеси е комичарка, Јутјуберка и од пред неколку месеци - писателка. На нејзиниот канал исмева глупи прашања, глупи луѓе и глупи ситуации, меѓу другото. А на Фејсбук, објави реферат на тема - прашање што не треба веќе да се поставува - затоа што нервира, некултурно е и тотално непотребно.

Обесправена црна инфлуенсерка, или „брука за БЛМ“?

На кратко: Амина Мучиоло е инфлуенсерка што заработува на социјални мрежи заради нејзиниот несекојдневен, шарен стил и ширење на позитивност. Исак Ларијан е бесниот директор што си го избриша Твитерот откако јавно ја нарече „брука за БЛМ“ затоа што Мучиоло му рече дека компанијата направила кукла според нејзиниот лик, а не ја ни контактирала.

Комшиски Редит-сеир

Приказнава е како извадена од нашиве краишта, само фактот што се случува во приморски рај е доказ дека не е. Ама другото е сѐ исто, и тоа кога вие си бркате работа, а комшијата сака да ја брка вашата работа, и немањето осет, и чувството дека ти следува дворот и „де бе, за едно купатило ли?“ Класик Карен.

Ташна изгубена во ’50-тите, како временска капсула на еден живот

Во средното школо Норт Кантон во Охајо, мајстор поправал шкафчиња и налетал на изгубена ташна, што кратко потоа открил дека како во временска капсула го има зачувано животот на една жена во истата форма од денот кога ја изгубила.

Лореал го отстранува зборот „избелување“ од своите производи

Што правиме ние сред оваа пандемија на правичност и анти-расизам? Кога мислиме да ја забраниме песната „Бело лице љубам јас?“

Како звучи чело од милион долари?

Венди Ло, музичарка со канал на Јутјуб испробува три виолончела, а нас нѐ прашува дали ќе ја забележиме разликата. Не.

Како изгледа свадба на Зум?

На некоја друга страна од светот, имаме пар што постои како директна спротивност на онаа наша сваќа што водеше оро со маска наместо со марамче.

„Mirage“ - од оние филмови што не знаеш како да ги препорачаш без да направиш спојлер

Ај вака. На IMDb: Две бури, на 25 години. Убиена жена. Пропуштена ќерка. И само 72 часа за да се открие вистината.

Миленијалците го возвраќаат ударот

„Што се децава нонстоп со исплазен јазик?“

Не, не стареам грациозно, што и да ви значи тоа

Интернетот е збунет околу значењето на „грациозно стареење“. Дали значи да правиш што можеш за да ја продолжиш младоста и да одржиш одреден „грациозен изглед“, поточно да изгледаш премладо за твојата возраст? Или значи да го прифатиш процесот на стареење и ништо да не направиш за да го спречуваш? Забелешка: Никогаш не сме виделе предлог за мажи да стареат грациозно.

Што ако бившиот ти пише во сред Ковид?

Верувале или не, постојат експерти и за тоа. Не за пишување за време на корона, туку за мислење што би требало да се направи во таков случај.

Вработени во Сефора споделуваат совети за шминка на ТикТок

Многу „2020“ реченица, нели? За продавница ќе почекаме, ама од нуркање во совети за шминка во време кога немаме многу други попаметни работи нема зијан, па ете ги корисничките профили во оригинал за да си ги ископирате и да ги search-нете на ТикТок, ќе ви се најдат.

Марлон Брандо беше пред времето, ама не беше модерно

Долго пред медиумски покриеното БЛМ, на доделувањето на Оскарите во 1973-та, Марлон Брандо е номиниран за Оскар за главна машка улога, ама можноста да го добие решава да ја искористи да им даде глас на американските Индијанци.

Конечно, правда за Меган Фокс

Долго пред #MeToo, уште во раните обиди по секоја цена да се промовира просечниот изглед и способности, на сцена дојде Меган Фокс, натпросечно убава и згодна, талентирана и искористена за олицетворение на секс-фантазии на 16-годишници и гласна и лута поради тоа. Ни на публика, ни на феминисти, а ни на #MeToo не им беше гајле за тоа.

Треба да знаеш и да се наместиш

Една холандска инфлуенсерка, Риан Мејер има малку поинаков пристап кога се работи за не-баш-успешните фотографии од една сесија. Ги споделува.

Тројца разгалени милионери против жената што ги создаде?

После хаосот што настана откако Џ. К. Роулинг се осмели да каже дека „само жени имаат менструација“, а сите деца што глумеа во Хари Потер јавно изразија контра-мислење, актерот Лоренс Фокс има нешто да каже.

Твитер-нишка на една библиотекарка

…Што потсетува дека Твитер има и свои фини моменти. Работи во библиотека со години и решава да раскаже што научила. 

Кога веќе не можеме на плажа…

Мерките попуштаат, границите се отвараат, туристичката сезона срамежливо застанува на нозе, ама раатот никако да дојде.

Ќе се снајде ли Кристен Стјуарт како принцезата Дајана?

Едно време, Кристен Стјуарт изгледаше како спротивност на камелеон. После „Самрак“, главно ја викаа да глуми тивко девојче; студено присуство на платно, во големи и скапи филмови што не ѝ дозволуваа да покаже што знае. И тогаш почна со уметнички филмови, Оливие Асајас, Персонал Шопер и светот ја виде.