Разгледувајќи минати децении со трендови за шминка, забораваме колку брзо се менуваат работите. Да, ги имаме‘60-те, ‘80-те, далечни се, интересни се за споредба, ама од толку податоци, забораваме дека постои една - 2014.
Од истата креаторка на содржини, Џејми Френч, имавме една епизода со Јутјуб-шминкери од 1999, што така широкоградо ни ја приушти, со оглед на тоа што во таа годниа на велелепна естетика Јутјуб баш и немаше.
Сега ги закача јутјуберките од пред само неколку години, кога да се чепатиш со движење на камера како да е фотографија и да викаш „Сите ме прашувате...“ не ни правеше толку незгодно како денес.
Коментарите од типот, „Ова е 60 долари, многу е евтино“, или моментот кога раката ја држат позади производот без разлика што не секогаш светлото и камерата го бараат тоа, и пречестата употреба на „you're gonna go ahead and...“, или „ако имате плава коса, ќе сакате сиви веѓи“, глупите чадор-совети, без разлика дали лицето тоа ти го трпи - сѐ ѝ е покриено.
Освежувањето во вид на комичар + beauty creator, Џејми Френч: