Се сеќавате каква пишурија бевме во '99? Божем, предмилениумски, па тоа си го сфативме најсериозно и се шминкавме со глитер, со сребрено, па на коса стававме глитер, па уште што не стававме глитер и каде што никогаш не смее глитер да се стави?
Па носевме металик маички, металик сукњи, металик чизми, па сите спотови беа футуристички, па боевме прамени во металик бои, пред Нова година по списанија излегуваа туторијали како да се направиш што е можно пометалик?
Страшно беше, ама и забавно беше.
Трагедијата повеќе се гледаше во немањето претстава како функционира професионално шминкање, па наоколу шетаа девојчиња со недоразмачкана пудра, како да треба да биде ДЕФИНИРАНО до каде е пудра, од каде е твојата кожа. Фаците им беа како намонтирани, а ако имаа бели јакни, се гледаше и на нив која точно (погрешна) нијанса на пудра ја користат.
(Некои така и до ден денес, ама што да им правиш.)
Шминка се нанесуваше со прсти, што и до ден денес може да функционира ако имаш исксутво, ама блендинг? Каков блендинг, какви бакрачи, шлапај тоа, да се гледа.
А коса? Со штипчиња, со шноли, со прамени, со разлетано тоа милениумски на сите страни, да биде хаос. И најважното - цик-цак патец!
Имаме видео тука. Мајсторски доловена '99-та, да те врати толку многу назад што и срам ќе те изеде.