Излезе трејлерот за филмот во режија и продукција на Сиа - приказна за невербално, аутистично девојче што се вика Мјузик. Проблемот е што во главната улога е Меди Зиглер која - не е аутист.
Поплаките се дека „Холивуд ете, уште еднаш ангажира човек без посебни потреби за улога на човек со посебни потреби.“ И наративот се гради околу тоа. Сиа природно реагира со „барем гледајте ми го филмот пред да му пресудите“, но борците за социјална правда не се даваат. И логиката им е опиплива кога се бунат за вајт-вошинг (white-washing, кога за ликови, често историски кои не се бели се ангажираат Скарлет Јохансон и Мет Дејмон), дури можеби и може да се дискутира и кога се бунат дека стрејт, хетеронормативни луѓе играат транс или геј ликови, но овде работата станува поделикатна.
„Се обидов да работам со невербална девојка што е на спектарот,“ се обиде да објасни Сиа. Ѝ беше непријатно и стресно. Затоа ја ангажирав Меди.“
Тоа на светот не му е доволно, па имаше изјави од типот „Сменете ги условите ако не ѝ е удобно. Сменете го начинот на работа.“
A како да се смени начинот на работа кога се снима филм? Ако пречат светла, да ги нема? Ако пречи гужва, да нема луѓе? Или да нема музика, а филмот се вика Music?
Сиа додава:
„Ангажирав тринаесет невроатипични луѓе, тројца транс, и тоа не како факинг проститутки или наркомани, туку доктори, болничари и пејачи. Тажно е што никој уште не го ни гледал филмот. Цело време имав најдобра намера.“
Луѓето што живеат на Твитер се разбира, нема да дозволат да ги „фати на оваа финта“. Еден ќе рече „Е па, јас сум бивша проститутка и алкохоличар, и јас сум сега навреден.“
Најозбилно, еве го твитот:
‘My heart is in the right place but here let me denigrate sex workers and people struggling with addiction in my justification’.
— Jack Monroe • ADHD RA ASD (@BootstrapCook) November 20, 2020
Skin in the game: former sex worker, recovering alcoholic, #actuallyautistic, former massive Sia fan. pic.twitter.com/xpka7BaKwf
Други се жалат дека се наоѓаат на тој дел од спектарот каде што им пречат толку живи бои и музика, па во тој контекст се навредени.
На трети им текна дека филмот е поддржан од Autism Speaks, контроверзна група која според некои е одговорна за смрт и страдање на голем број аутисти затоа што пере пари и ги одвлекува средствата од институции кои реално им помагаат на аутистични лица.
На крај, на Сиа ѝ дојде преку глава. Во пластична демонстрација на борбата за еднаквост, во наједнаквиот третман што сме го виделе во последно време на интернет, на еден твит каде што актерка со аутизам вика дека се пријавила да глуми во филмот, но сега Сиа се вади, Сиа ѝ одговара со следното:
„Можеби само не те бива за глума.“
А филмот изгледа супер. И со оглед на величината на платформата на Сиа, веројатно ќе ги доближи некои од луѓето од спектарот, нивната перцепција и начинот на функционирање до обичниот народ што сѐ уште не е запознаен со тоа: