Ботега Венета со апсурдистички пристап кон додатоци

Конкретно во случајов, ташна што те тера да мислиш на некои подобри времиња.

При одлучување како да ѝ се пристапи на оваа вест, која во сред пандемија изгледа ситно и ирелевантно, решението лежи во пристапот на TheCut: Те тера да ти фалат дури и моменти како шетање со апсурден аксесоар по град чии детали се подобни за заглавување на врата од кола.

За врата на автобус нема да почнуваме да замислуваме, затоа што тешко дека сопственик на ова ќе се најде таму. Цена - права ситница: 4500 долари за нешто што скоро и да сме сигурни дека е всушност спасување на остатоци при шиење.

Нејсе, кога се молиме побрзо да се врати животот во нормала, освен што сакаме да се спасат што е можно повеќе животи; и на ова мислиме - да бидеш доволно безгрижен и слободен (и богат) да шеташ вакви глупости по град и да не мора да ги бришеш со средство за дезинфекција кога ќе дојдеш дома. Затоа што, тоа значи дека другото е решено, бројките не растат, а проблемите стануваат потривијални.

16 ноември 2020 - 11:40