И ако сме реални, после сите глупости за кои ја прозиваат во јавност, не е мала работа да забележи светот дека сепак - те бива за мајка. Особено кога детето ти е мирно, љубезно и воспитано.
Во видео на нејзиниот канал, каде што со ќерка ѝ Сторми прави капкејкс инспирирани од Гринч, во чест на нејзината празнична колекција, Кајли комуницира со девојчето како со возрасен човек и дозволува да ѝ помогне во приготвувањето на рецептот.
Пофалби стигаат од сите страни дека го цени малото, дека не го лигави како бебе и дека е учтиво.
И навистина е очигледно тоа, ако го ѕирнете клипот - девојчето е неизгњавено, мирно, послушно и без проблем кажува „Фала, мамо!“, „Можеш ти, мамо!“, „Ти благодарам“ и „Повели и друг пат.“
Толку ли се измести светот, што сме воодушевени од базична пристојност кај деца, или едноставно светот има предрасуди дека пород од Кардашијан/Џенер по дифолт мора да биде неподнослив?