Ви се носи фустан што го носела Бијонсе?

На нас не, ама ако случајно ви се наоѓаат неколку илјади долари, има аукција.

Среќа, хулахопкиве не се на аукција, па не мораме уште некого да гледаме во нив.

Архивата Ранди Рам - колекција на вечерни тоалети кои ги носеле луѓе како Бијонсе, Мараја Кери и Кристина Агилера ќе биде ставена на аукција следниот месец, што значи дека некој што сече вени на Бијонсе ќе може да се шета во нејзин фустан наскоро.

Нејзиниот е конкретно тој што го носеше на 50-тиот роденден на Мишел Обама во 2014, и ќе чини од 3000 до 5000 долари, а ако ви се наоѓаат од 2000 до 4000 - толку ќе чини свилениот фустан на Мараја Кери од спотот за We Belong Together. Од прилика, меѓу тие две суми ќе ве фати и сатенскиот креп фустан што Кристина Агилера го носеше на една забава пред доделувањето на Греми наградите во 2007.

Аукцијата ќе биде со физичко присуство и онлајн, отворена за заинтересирани и за колекционери што ќе мора претходно да се регистрираат на сајтот.

Ако сте циции и не ви се даваат пари за ова, тогаш ве оставаме со Мараја Кери и она што се продава од нејзиниот плакар:

20 ноември 2020 - 10:10