Како мислиш, брендирана свеќа за 250 евра?

Ама, Гучи е. Ама, што ако. 

Потрошувачката кошничка на просечно македонско семејство е околу 33.000 денари.

Кредит за свеќи?

Кредит за свеќи!

Знаевте дека сите големи брендови имаат и други линии освен облека и парфеми, ама дали знаевте дека баш и вакви работи нудат за човек да живее луксузно до крај? Затоа што ако имаш кондури Версаче, кошула Армани, кај тргна со тоа свеќите од Џамбо?

Си има пригодни.

На пример, на Сан Лоран свеќата, ете така, убава, со мирис на кокос, „за летото да трае подолго“ е 95 евра, од поевтините е.

Ако ви се оди на поцитрусно, Луи Витон нуди свеќа во крајно симпатично пакување за смешни 565 евра. Може дека е кило.

Исто свеж мирис ви нуди Кристијан Диор, со трибјут на ривиерата што му е толку драга: свеќата во керамички сад ќе ве чини 290 евра.

Ако не сакате ведри миривчиња, тогаш ќе ви се допадне на Ралф Лорен, за 90 евра, од поевтините:

Гучи ете, најмногу се потрудиле да не личат на свеќа од супермаркет, ама не знаеме дали е тоа доволно за да платиме 250 евра. Можеби ако се утешиш дека ќе ти остане чашката и ќе биде Гучи... Но, да не забораваме дека е СВЕЌА:

Најмрзливото и убедливо најнепотрудено, апла од продавниче, на Армани, 96 евра:

И на Версаче, 234 евра:

А вие палете си ги оние од Икеа 100 за 5 евра.

17 ноември 2020 - 09:50