Дали е ова најбританскиот скандал на сите времиња?

Не, нема врска со Брегзит, туку со путер на тост. Народот збеснат.

И не ви е ова обичен, сељачки тост. Ова е тостирано парче леб приготвено од Најџела Лосон, која на нејзината емисија Eat, Cook, Repeat покажа како го прави „нејзиниот платонски идеал за тост“.

И како го прави? Почнува со обично парче леб за тост и потоа почнува со „пристап за нанесување путер во две фази“. Додека лебот е уште топол, става еден слој несолен путер, па кога малку ќе се олади, става уште еден слој и посолува.

Речиси инстантно - нацијата излуде. Некои беа потресени што Најџела им го троши времето со нешто толку базично како путер на тост, некои се јадеа заради самата двојна техника, а некои едноставно беа „инспирирани“ и тоа го споделија на Твитер.

Па, добро, фино е да се направи пауза од апокалипсата.

Или, како што ќе речат на TheCut, драго ни е што сите сме добри, ментално, психички и физички.

20 ноември 2020 - 10:22