Како венчаницата на Дијана дефинираше цела генерација

И да не сте ѝ обрнувале внимание на принцезата, на фустанот сигурно сте налетале. На 29 јули, 1981, целиот свет ја гледаше Леди Дијана Спенсер како се движи до олтарот во катедралата Св. Павле кон титулата Дијана, Принцеза од Велс.

Фустанот, што позади се влечеше уште 7 ипол метри, стана една од најславните венчаници на светот - го имаше по весници, по телевизии ширум светот, како бајковит момент засекогаш зацементиран во сеќавањата на луѓето што со задоволство го следат кралското семејство.

Пред свадбата во 1981, Дијана им приоѓа на тогашниот дизајнерски пар Дејвид и Елизабет Емануел и од нив бара да почнат да дизајнираат за нејзе. Токму кога почнува да носи тоалети од Емануел, јавноста почнува да ја гледа како модна икона. После некое време, му се јавила на Дејвид Емануел за да работи и на венчаницата. „Тоа беше магично време,“ вели тој, „а таа беше магична девојка. Фустанот мораше да биде младешки, мораше да биде убав. Во него требаше да влезе како Дијана Спенсер, а да излезе како принцеза од Велс.“

На крајот, добиваат фустан што е проценет на 115,000 долари во 1981 (денешни 342,803), а просечната цена на фустан од Емануел е 5610 долари.

На него се пришиени 10,000 бисери, со апликации од старинска свила („нешто старо“), и уште една, „Carrickmacross“ чипка што ѝ припаѓала на кралицата Мери. За „нешто сино“, сошиле мала сина машна на појасот. Толку бил голем што морале да го пикаат во кочијата и се изгужвал.

Чевлите беа рачно изработени со 542 монистри и 132 бисери, од Клајв Шилтон. На главата имаше дијамантска тијара од семејството Спенсер.

Фустанот бил толку таен проект, што имале и резервен, во случај нешто да тргне наопаку и сега никој не знае каде е. Не го пробала, никогаш не го ни дискутирале, само сакале да има резерва.

Инстантно влијае на светот - свадбата ја гледале 750 милиони луѓе и Дијана во истиот момент станува селебрити. Во рок од неколку часа, неколку производители успеале да го направат истиот фустан за минорни 467 долари. Во 2018, Тајмс го избра за еден од највлијателните свадбени фустани на сите времиња.

Реплика во „Круната“

Едно време беше изложен на имотот на семејството Спенсер, Алторп во Нортамптон, Англија и беше и на турнеја со Дијана: Изложба.

Дијана побарала кога синовите ќе наполнат 30, сѐ што е нејзино да им се даде на нив, па откако Хари наполни 30 во 2014, фустанот е во нивна приватна сопственост.

24 ноември 2020 - 11:38