На геј актери не им се откажува од можноста да играат стрејт ликови

„Ако се држиме до тоа само геј/транс луѓе да смеат да играат геј/транс ликови, тогаш јас никогаш не би можела да играм стрејт.“

Ви текнува како по ново не смее да се ангажира стрејт човек да игра геј/транс на филм? И дека сите такви продукции мораат да се соочат со твитерџиски гнев? Е па, Кристен Стјуарт, која е геј, има мислење за тоа и мислењето се граничи со двоен аршин - признава дека ова е малку „сива зона и деликатна дискусија.“

Најновиот филм на Стјуарт, Happiest Season е за (женски) лик што оди да ги прослави празниците со семејството заедно со нејзината девојка и девојката дознава дека семејството не знае за нејзината сексуална ориентација.

„Јас сум човек што има слободен пристап до многу ангажмани и живеам во креативно изобилство,“ изјавува Стјуарт. „Млада бела девојка, стрејт што сфаќа дека е геј многу подоцна - ме разбирате? Признавам дека сум добила прилика да работам. И не би сакала да раскажам приказна која треба да ја раскаже човек што го преживеал тоа искуство.“

Но,

„Сепак, оваа дискусија се држи на стаклени нозе, затоа што тоа значи дека не би можела никогаш повторно да играм стрејт лик, ако се држам до таа филозофија.“

Значи? „Сива зона“, затоа што врие од геј актери во Холивуд кои би имале по еден филм во 5 години, доколку би им поминало ова „ново нормално“.

Како пример, Стјуарт ја искористува Мекензи Дејвис, со која работеше на новиот филм, како актерка што не се идентификува како лезбејка, но глуми лезбејка.

„Таа беше единствена што ми падна на памет што може да го изигра ова со мене. Понекогаш, уметнички гледано, едноставно те привлекува одредена група на луѓе.“

25 ноември 2020 - 12:05