Со жалење ве известуваме:

Пак е во мода танга што се ѕирка од фустан со гол грб

Среќа нема свадби сега, па да мораме и тоа да гледаме.

Од сите трендови од рани 2000 што можеа да се вратат, прво го јадевме со „танга што излегува од фармерки“, сега мора ова. А притоа, сите го занемаруваат фактот дека тангата е убедливо најглупото парче долна облека некогаш измислено. Можеби нечии соништа ќе бидат уништени, но - танга-гаќи се нехигиенски, неудобни, и тотално непотребни во било чија гардероба.

И сега не само што сакаат да ги вратат во употреба, откако имавме декада на удобни, а сепак атрактивни гаќи, туку сакаат и да ни се гледаат.

Ова на времето го правеа Џилијан Андерсон, Кристина Агилера и Парис Хилтон, со тоа што, на Андерсон привлече бескрајно многу внимание на една Оскаровска забава во 2001 (веројатно затоа што на Парис и Кристина беа навикнати луѓето), а сега го пробуваат Хејли Бибер (фустан на Александар Ванг), Бела Хадид (фустан на Версаче), дури и Лизо и Емили Ратајковски.

Ако овие имиња не ви се доволни, тогаш бујрум, Бијонсе:

Ким Кардашијан:

На крај, може и не е фер да се пренесува ова со толкава доза на мрчење. Луѓето треба да носат што сакаат. Сепак, вреди да се забележи кој го движи трендот, и да се постави прашањето дали некогаш Катрин Денев или Никол Кидман би му се придружиле.

30 ноември 2020 - 11:10