Розев данок е израз за трошокот што жените го имаат само затоа што плаќаат за женски производи. Ова не се однесува само на производите за хигиена туку за сите - розево пенкало на BIC, чини повеќе од обичното портокалово со сино капаче. Розеви жилети чинат повеќе од генерички тегет. И така натаму.
Сега откако Шкотска се доведе себеси до оваа футуристичка политичка одлука, се поставува прашањето дали ние, освен што сме „напредни“ и ќе легализираме марихуана, ќе го следиме овој пример?
Не мора да одговорите на тоа прашање.
Производите нема да бидат универзално бесплатни, патем, не е светот толку напред. Ќе бидат бесплатно достапни на луѓе кои имаат потреба од нив, а компаниите ќе добијат компензација - ова ќе ја чини Шкотска 24 милиони фунти годишно (скоро 27 милиони евра). Кај нас се тоа патни трошоци.
Се отвора сепак една дискусија меѓу набљудувачите, граѓаните и даночните обврзници - до што ќе доведе оваа нова ситуација?
Луѓето веќе забележуваат дека не може да биде „бесплатно“ - можат да го плаќаат даночните обврзници, што е малку Captain Obvious - даночните обврзници отсекогаш плаќале за тоа што е „бесплатно“. Други забележуваат дека, според искуството со слични ситуации, можно е откако државата ќе почне да плаќа за производите, производителите да ги кренат цените до плафон.
И има такви што од старт се бунат дека сега „и жилетите и пената за бричење треба да бидат бесплатни“ дека „ова е економија“ и нема потреба од „вакви глупости.“
Овие последниве се машки. Од истиот пол што најверојатно да крвареше еднаш месечно до сега ќе имаше 750 различни програми за поддршка, плус „кампови“ со бесплатна работа за производство на предмети и производи што ќе им го олеснат месечното крварење.