Дринкинг гејм за мајки

Нема потреба од коментар, јасно ви е.

Зошто Монако има принцови и принцези, ама кралеви и кралици не?

Во бајки се знаеше - таткото е крал, децата се принцови и принцези. Денес со Монако владее Принцот Алберт, ама татко му не беше крал - само принцови имаат.

Ако ти пречи топлес… Не се сончај топлес?

Едноставна е филозофијата. Но, не и за едно семејство, на една медитеранска плажа.

Клаудија Шифер е Клаудија Шифер и на 50

Во ’90-ти ја советува Лагерфелд, и од срамежливо Германче, станува икона на убедливо највпечатливата модна ера и децении подоцна - уште е така. Денес полни 50 години.

Нетфликс се извини за „Cuties“

Филмот е со мали девојчиња, а Нетфликс го рекламираше со, според некои, сугестивна фотографија.

Како да најдеш маж, ама од 1958

Не било тешко за современата жена во 1958 да најде сопруг, ако била пристојна, или од добра фамилија. Сепак, за недоволно среќните, магазинот Меккол, кој работи од 1873 дури до 2002, има решение. Некои се дури и добри, затоа што во таа пуста потрага по маж, може и тебе ќе ти биде јако.

А.О.К за значењето на шминката

Александрија Окасио-Кортез е единствен политичар што бива гњавен околу мода и убавина, ама не ѝ пречи тоа. Напротив, тајни за убавина споделува со Вог, а го искористува моментот и да сподели нешто важно околу значењето на шминката, па дури и начинот на кој тоа ја прави видлива во политиката.

Плукање по „Пријатели“ им здосади, дајте „Сексот и градот“

Ви текнува како новиве woke-генерации се намерачија да исчезне серијата „Пријатели“ затоа што беа крајно навредени од секоја можна епизода? Е па, сега на ред е „Сексот и градот“.

Викторијас Сикрет не се потресува многу околу БЛМ

Напротив. Веќе не можат ни глава да дигнат - според Диет Прада, „одбиваат да си одат мирно“ и наводно се служат со безобразлуци додека им се може.

Невестинскиот фустан што крева веѓи

Личел на долен веш, срамота било.

Бурбери има маски

Таман ќе се навикнеш дека Бурбери постои со сета своја песочност и неинтересност, и ќе се навикнеш дека мантилчињата и марамите се носат за изјава (или дека сакаш класика и статус, или дека си бил на Битпазар, зависи од бекграундот), ама никако да биде човек раат: Бурбери пушта маски.

Глупости што ги трескаат травел-инфлуенсери

Ќути што ние немаме такви во толкав број, затоа што е полесно да купиш нешто ново и да го сликаш со завеса во позадина, отколку да маваш рецки колку земји си посетил.

Знаевте дека има „Зона на самракот“ од 2019?

Ако сте знаеле сите, тогаш јас сум живеела во пештера. Ако не знаевте, еве препорака за гледање.

Чаки го дотераа во „Суприм“

Есента доаѓа за месец дена, ако ви се верува, а ако сметаме според навиката „прв ден во школо“, ене ја за помалку од две недели. Модните куќи вадат нови колекции, а меѓу нив, Supreme повторно (позитивно) изводи.

Џенифер Анистон никако да се откачи од Рејчел

Анистон се појави во еден куп филмови од различни жанрови и играше различни ликови после Рејчел, и себеси успеала да си докаже дека не е „само Рејчел“. Дали и светот почнува да ја гледа со поинакви очи? Еве, тргнете од себе.

Комплицираната модна историја на тетоважите

Тетоважите воопшто не се нови - генезата може да им се следи дури до 5000 п.н.е од кога датираат јапонски фигури со цртежи на нив што личат на тетоважи. Оттогаш, се наоѓаат насекаде низ светот, од мумии, до европски морнари кои се тетовирале со спомени додека патувале по Пацификот.

Парис Хилтон е уметник сега

Пикасо, Матис, Дали и Хилтон, тие се.

Не е само „Јади помалку и движи се повеќе“

Една од новите владини стратегии во Велика Британија е советување на народот да слабее за да си помогне во борбата со коронавирус. Во многу неповолно време им кажуваат.

Мораше ли Џек да умре на крајот на Титаник?

Дебатата трае 20 години и време е еднаш засекогаш да се реши.

Најбогатите тинејџери на ТикТок последнава година собрале милиони долари

Здраво, како сте, како на работа? Напорничко? Ако, нешто мора да се работи. Патем, најгледаните тинејџери на ТикТок се веќе милионери. Ете, така.

Има нова книга што го предизвикува митот за „Парижанката“

Со децении се романтизира парижанката како гламурозна без напор, но авторката Линдзи Трамута во нејзината книга „Новата парижанка“ нишани на она што ѝ се чини штетно во тој мит.

Денешните врски имаат нови црвени линии

Во октомври 2015, пет истражувачи тргнуваат да откриваат кои се најчестите дил-брејкери во една врска. Нели, карактеристики, навики или недостатоци што ќе те натераат да речеш „не, фала“, на потенцијален партнер или „готово“ на сегашен. Прашувале студенти, миленијалци, бумери и сѐ што можеле да најдат, од 18 до 68.