Некој си ги купи личните писма на Дајана за 113.000 долари

Поточно, за 82.000 фунти на аукција отидоа рачно напишаните пораки, писма и картички на принцезата Дајана.

Ги напишала во периодот од 1990 до 1997, а поминале 24 години во плакар во семејниот дом на Роџер Брамбл кому му биле испратени.

Во писмата се спомнува и тешкиот период од животот на Дајана, разводот, битките со менталното здравје и будното око на медиумите со кое се имаше соочено, но откриваат и една забавна, смешна страна од нејзиниот карактер. Во нивната изјава, семејството Брамбл вели,

„Се загриживме дека современата слика за Дајана ќе стане општоприфатена, па веруваме дека овие писма ќе откријат дека беше мила, култивирана и воодушевувачка личност.“

Во едно од писмата, Дајана на шега ја нарекува кралицата „шефот“, па можеби од тие причини тоа писмо се продало за 11.000 долари.

Една порака од август, 1996, во која Дајана му се заблагодарува на Брамбл за ручекот кој бил „добредојдено одвлекување на внимание“ од разводот со принцот Чарлс, се продало за околу 10.000 долари, а друга каде што се спомнува ужасната недела по објавувањето на биографијата - за околу 2000. Во колекцијата имало и картичка за Божиќ, со фотографија од Дајана, Вилијам и Хари.

Се наддаваа фанови од Америка и Велика Британија, а собраните средства од аукцијата ќе се поделат меѓу четири културни организации со кои Дајана беше поврзана.

24 март 2021 - 16:35