Во петокот, Џенифер Анистон присуствуваше на настан организиран од Варајети, пригодно наречен Моќ на жените. Јасно е дека е успешна и дека е велесила во Холивуд уште од ’90-те кога влезе во сите домови во светот преку „Пријатели“. Од овие причини добила почести, а заедно со нејзе и Аквафина, Мараја Кери, Шака Кан, Бри Ларсон и Дејна Волден.
За време на настанот, сподели лична приказна, за нејзините рани искуства поврзани со моќта и истакна како минорни моменти можат да имаат сериозно влијание на малите деца.
„Се сеќавам како една родителска фигура, на критична возраст од 11 години, после една вечерна забава ми кажа дека треба да станам од масата затоа што немам што интересно да додадам на разговорот. Ау. Ми се врежа, онака како што знаат да се врежат болно срочени реченици, и ако сум искрена - а искрена сум, затоа што имам 50 години и си доаѓа со годините - таа реченица ја носам со мене и како возрасна. Отсекогаш ми било удобно да им давам глас на туѓите зборови, но ако ме ставиш на маса полна непознати, веднаш се враќам на 11-годишна возраст.“
Иако кажува дека конечно почнала да се гледа себеси на поинаков начин кога почнала да работи на „Пријатели“, додава и дека во последно време повеќе размислува за пораките што ги испраќаме на децата - особено на девојчињата - како начинот на кој ги кажуваме работите може да ги издигне или да ги сруши и да направи да мислат дека нивниот глас не се важи.
Инаку, Џенифер Анистон е пример колку општеството погрешно се однесува со жени како нејзе.