Storytime:

„Најлошата“ калуѓерка во историјата

Сте слушнале за Хуана Инес де ла Круз? Ако не - сторитајм!

Хуана Рамирез де Асбахе е мексиканска калуѓерка, поетеса и образована жена, цензурирана од страна на црквата заради нејзиното критичко пишување.

Во еден момент од животот, ја седнуваат пред панел од почитувани теолози, правници и математичари, поканети да го тестираат нејзиното знаење со најтешките прашања што можеле да ги смислат. Хуана успева да одговори на секое можно прашање и тоа крајно успешно, од комплицирани равенки до филозофски теми. Како тогаш не сме слушнале досега за нејзе?

Приказната ѝ почнува како во оние драми/романси кои луѓето што инаку би ги интересирала оваа тема - ги прескокнуваат. Кога се раѓа, Мексико е веќе сто години колонија на Шпанија, а бидејќи нејзините баба и дедо се родени во Шпанија, уживаат голема почит во општеството. Проблемот е што Хуана е вонбрачно дете - татко ѝ ја оставил нејзината мајка, дона Изабел да ја воспитува сама, и нејзе и нејзините сестри. Мајка ѝ управувала и со целиот имот, во време кога мизогинијата цвета, а Хуана го фаќа својот школарски правец уште од тригодишна возраст кога ја следи сестра ѝ до школо.

Има речено,

„Бог не би им дал интелект на жените ако не сакал да го користат.“

Бабау.

Има напишано провокативна поема со наслов „Будали мажи“, каде што критикува сексистички двојни стандарди.

И ако не те интересира брак во тоа време, туку исклучиво знаење, како можеш да се посветиш на учење, да не се омажиш, а притоа да не те запалат, туку напротив - да те почитуваат?

Ќе станеш калуѓерка.

Sирнете:

31 март 2021 - 15:38