ХБО прави документарец за Британи Марфи

Филмот ќе ги истражува нејзиниот живот и смртта - актерката почина во 2009, на возраст од само 32 години.

Официјалниот извештај беше пневмонија, анемија и интоксикација со повеќе лекови, но отсекогаш имало теории на заговор и шпекулации околу пресудата, особено поради фактот што нејзиниот сопруг умре два месеци подоцна во слични услови.

Сѐ уште нема наслов, а ќе го режира Синтија Хил, позната по документарниот филм за жртви на семејно насилство со наслов „Приватно насилство“.

„Се согласив затоа што мислам дека е штета што ветувачката кариера и животот што Британи Марфи можеше да го има се засенети од околностите на нејзината смрт. Мислам дека е важно да ја славиме како талент, иако се бориме да ги објасниме околностите под кои умреа таа и Сајмон.“

Продуцентите сметаат дека нејзината приказна бара подлабоко истражување и испитување на околината која придонесе таа да стане жртва на сопствениот успех.

За деталите од серијата не се знае многу, ниту медиумите имаат датум за премиера, но креаторите се надеваат дека ќе успеат „да создадат приказна која ќе се издигне над бучавата и сензационализмот на таблоидите.“

Џенифер О’Конел, извршен потпретседател во ХБО Макс вели,

„Изработката на основано сведоштво за животните битки на Британи Марфи и нејзината ненадејна смрт носи голема одговорност и здружени сме со мајсторска екипа за да создадеме внимателно истражување на една трагедија што долго беше тема на шпекулации.“

25 март 2021 - 14:55