Мразачи на „Емили во Париз“, ви најдовме нешто

Иако сѐ уште стоиме зад тоа дека серијата е таман за одмарање, светот не престанува да паѓа во трансови за тоа колку е. многу. лоша. серијата. Океј, сфативме. Да, ќе гледаме втора сезона. 

Како и да е, има тука едно 24-минутно видео-излагање (со скоро 4 милиони прегледи), со нарација што во прв момент не ти се чини дека доаѓа од Французин - но е, и тоа Парижанец - како што ќе каже, со долга низа на guilty pleasure серии зад себе, а сепак - запрепастен од тоа колку „лоша, ужасна, игнорантна, арогантна, расистичка“ серија е во прашање.

Ликот тврди дека самата серија „толку многу нема поима“, што се граничи со ароганција и тврди дека има и расизам. 

Излагањето го дели на неколку етапи и тоа:

0:00​ Интро
2:11​ Образложување
2:57​ Француска култура и стереотипи
5:37​ Проблемот „Емили“
10:00​ Незгодни Французи и некохерентна логика
14:22​ Хумор лош, романтика ужасна
16:55​ Расизмот е „откачена работа“
22:34​ Заклучок

И бидејќи расизмот е тешко обвинување, рипнавме на 16:55, и спојлер - нема ништо расистичко во дијалозите. Ама Париз е во топ 5 градови во светот по разноликост и спој на култури, па малку е ненормално што во серијата има само 2 (два!) лика во боја.

Треба човек многу, многу да се изнервира за вака темелно да навлезе во „проблемот“.

30 март 2021 - 12:49