На Шерон Озборн ѝ платија 10 милиони за да се тргне

Шерон Озборн си оди од The Talk, после расправијата со нејзината колешка и водителка на шоуто. И за тоа на продукцијата ќе ѝ згрижи 10 милиони долари.

На 10 март, Озборн го бранеше Пирс Морган за неговите контроверзни коментари упатени кон Меган Маркл. Нејзината колешка, Шерил Андервуд, ја предизвика во еден момент за некои од работите што ги кажа, и за кратко стана непријатно. Еве, видете сами, па проценете:

Backlash имаше во истата секунда.

Потоа, се одржал состанок, зад затворени врати, со цел да се дискутира ова што го има на клипот и во тој момент ништо не се договориле. Озборн се извини на социјалните мрежи, но кога па тоа било доволно во последно време?

Според некои извори, на Озборн ѝ дале шанса да го „спинува“ заминувањето како сопствена одлука. Исто така, ѝ платиле 10 милиони долари за да напушти. Плус, договор дека има право да зборува на оваа тема кога ќе одлучи дека е подготвена.

И бидејќи не кажа ништо страшно, без разлика што се извини потоа, продукцијата е свесна дека не може така лесно да ја избрка при жив договор, па од таму и позамашната сума за излегување. Извори кажуваат дека била одлучна дека ќе напушти само доколку ја исплатат - и очигледно е дека не ѝ е дојдено до пари. И покрај извинувањето, според ова изгледа дека Озборн сепак не е удрена со мокра чорапа - и смета дека е неправедно нејзиното отстранување од шоуто, па 10 милиони се една фина одмазда за третманот што го добива.

30 март 2021 - 11:53