Чудната приказна зад филмот „Коралајн“

Посебни деца го читаат Нил Гејман, и филмовите правени според негови книги се исто за посебни деца. Со оглед на тоа колку језивштини, духови, вадење очи и шиење копчиња наместо нив има во приказната, просто е чудо како „Коралајн“ проаѓа како детски филм - што во ниеден случај не значи дека не треба да им се пушта на деца - напротив.

Затоа што ликов, инаку паметен, многу дрнда на почеток, излагањето има два дела. Она што нѐ интересира почнува во првиот дел, од 2:30.

Ако ја знаете приказната на памет и не ве интересира прво да ви ја раскажат, одете на 6:30 - директно каде што почнува да вади референци за деталите во книгата и филмот - како на пример за триаголното камче со дупка што ќе ѝ го дадат пензионираните глумици. На 10:30 споделува приказна што ја има во книгата, но за жал не во филмот - што Коралајн ѝ ја раскажува на мачката: Дека некогаш се шетала со татко ѝ, и налетале на осило, па татко ѝ и рекол да избега за да не ја избоцкаат, стоел меѓу осите за да не одат по нејзе. Интересниот факт овде, (а го нема во видеото) е што ова е автобиографска приказна за Нил Гејман, кога бил излезен со неговите деца во природа.

(Патем, и двете видеа се спојлер до спојлер, да си знаете)

Битното од вториот дел почнува исто така од 2:30. Прво се извинува што наместо „Белдам“ ја нарекол вештерката „Бедлам“, ама до крајот се кажува историјата и легендите што стојат зад него. Во интерес на штедење време, до 11-та минута е прераскажување, но од овде натаму, фокусот е на идејата на Гејман и приказните зад мотивите. На пример, почнал да ја пишува приказната за неговата петгодишна ќерка Холи, па куќата на Коралајн ја базирал на нивната куќа во Англија, за да може Холи сѐ да замисли. Имете на главниот лик пак, како во многу неочекувани писателски приказни - произлегува од обична грешка при куцање што му се допаднала. Во однос на вештерката, Белдам, Гејман нема искоментирано што всушност му било инспирација. Тоа не значи дека фановите немаат теории, од кои една е многу занимлива: Џон Китс има песна со наслов La Belle Dame Sans Merci (Убавата дама без милост), и тоа вака: Витез се вљубува во дама, го поминува времето со нејзе но на сон му доаѓаат духови од кралеви и секакви луѓе што го предупредуваат дека „има нешто наумено“ убавата дама. Завршува трагично - витезот е заробен во нејзиниот свет, а таа го отфрла и повеќе не ја интересира.

Смени ја таа идеја во идеја спремна за дете да ја чуе - значи не брка мажи, туку деца и сѐ се поклопува.

Книгата ја имате овде (Амазон испорачува).

31 март 2021 - 16:32