Мажи признаваат што сѐ не знаеле додека не почнале да живеат со жена

Еве, може на некој ќе му помогне.

1. Наводно, туширање и миење коса се два различни настани.

2. Наводно, редовно чистење на вц-шолјата е многу побитно отколку што сум мислел претходно.

3. За да немаш шишки, не можеш само да ги исечеш.

4. Колку се скапи брендовите за жени.

5. Џебови на женски панталони се реткост. Неколку години сум во брак и сѐ уште ме шокира ова.

6. ...Кај сѐ се појавува нејзината коса.

7. Косата што се заглавува во одвод после туширање. Боже господе.

8. Кога ќе се насоберат долги влакна во туш кабина, обичај е да се залепат за ѕид наместо да дозволиш да се соберат во одвод. Ако заборави да ги тргне после тоа, може да биде многу збунувачки. Зошто има еден куп индивидуални влакна намерно залепени за ѕид?

9. Многу пати сум се извадил од памет мислејќи дека имам огромни пајаци со 52 нозе на плочки.

10. Не знаев дека ќе почне да ми ја носи целата облека, значи маици, џемпери, дури ни долната облека веќе не е само моја.

11. Стегачи за коса исчезнуваат побрзо од чорапи. И одеднаш, наоѓаш 20 во фиока во кујна.

12. НИКОГАШ не ѝ ги суши алиштата во сушара.

13. Дека има само еден добар градник. Постои само еден и дел од твојата должност како маж е да го заштитиш Добриот Градник. Ако переш, мораш да преземеш најстроги мерки за да биде испран и исушен како што треба, и потоа вратен на место. Боже пази Добриот Градник да го снема или да се појави во погрешна фиока. Дами, зошто има само еден ДОБАР ГРАДНИК?

14. Гаќи за добиено. Не бев шокиран или згрозен, затоа што немам 12 години, си реков, па да, веројатно и јас би имал посебна долна облека за менструација. Зошто да си ја уништувам таа што ми е секси?

15. Дека мора да има канта во секоја бања.

16. Отсекогаш мислев дека улошките функционираат како ханзапласт и дека се лепат на вагината и апсорбираат сѐ. Додека не наполнив 27 години, кога девојка ми ми покажа дека лепакот оди на гаќите, не на кожата. Само ми е криво што ѝ кажав дека ова ми е откритие, затоа што се расплака од смеење и ѝ се јави на мајка ѝ да ѝ раскаже.

17. Фенси шминка бара многу време.

18. Наивна екскурзија со чистење, во соодветни услови ќе се претвори во комплетна реорганизација на мебелот во куќата ако не си внимателен.

19. Дознаваш колку всушност храна може да собере фрижидерот.

20. Кремите се користат и на тело.

21. Цел живот перам погрешно.

22. Цел живот мијам садови погрешно.

23. Изгледа цел живот погрешно сум диплел пешкири. Јас ги диплам на три пати, жена ми на два пати. Ни беше прва брачна расправија и изгубив.

24. Колку и да има шноли во куќата, секогаш треба уште.

25. Научив што значи дом.

29 март 2021 - 14:55