Тајниот страв од пост-пандемскиот живот

Вакцини уште немаме, ама макар се движеле полека, поделени по социјални групи кон Србија (кај што очигледно треба да почнеме и данок да плаќаме), извесно е дека светот ќе почне да се растеретува од пандемијата. На Британците дури и им најавуваат дека сѐ завршува на 21 јуни. Но, што потоа?

Пандемијата навлезе во секоја сфера од животот - ни ги одзема нештата што ги сме ги сакале, но истовремено, од многу работи што сме ги мразеле - нѐ поштеди.

На пример, парите. Младите доста тешко беа погодени минатата година, а тие што имаа среќа да имаат редовна плата, можеби и ќе излезат на другата страна од тунелот со некаква заштеда. Но, ако сте меѓу многуте што претрпеа загуби во приходите, најверојатно во пост-пандемската ера ќе влезете со долг. Колку и да е фино да се фантазира за „новите луди ’20-ти“, влезот во лето 2021 не ни гарантира славење и веселење. А допрва треба да се приспособиме на трошоците што ќе се вратат заедно со нормалниот живот.

Ова нѐ носи до работните места. Многумина што работеа по канцеларии мразеа да работат дома, но ретко може да се начека човек што едвај чека да се врати петдневната работна недела. Работењето од дома има свои недостатоци, но за некои е помалото од двете зла - со оглед на непостојаниот и скап јавен транспорт, нефлексибилната култура за работни часови и слично.

Ај, барем можеме да се радуваме на крајот на социјалното дистанцирање, така? Дури и ова доаѓа со сопствени компликации. Стана вообичаено да се кажува дека ти е страв дека си ја изгубил способноста за социјализација. Кога се работи за зборување со вистински луѓе во живо, на сите не ни е вежбано, а веќе има луѓе што се загрижени дека сме станати малку чудни.

Иако има луѓе што се загрижени од „премногу забава“, за некои проблемот лежи токму во спротивното. Од далеку се ѕирка широкиот спектар на ФОМО (страв да не пропуштиш нешто), кој беше на клупа додека траеше пандемијата. Да, имаше богати луѓе кои објавуваа инстаграми од плажи (во Дубаи, во Мексико…) но онаа мала разлика меѓу обичниот човек и луѓето околу него (што имаат повеќе пари) не се гледаше. Исто така, со убав стан и фино дворче беше полесно да се изолираш и да работиш од дома - но голем процент од населението водеше здодевен, репетитивен, негламурозен живот.

И на крај, да поразговараме за сексот и романтичното излегување - на почетокот на локдауните, сите се навртеа кон апликации, но по некое време, обичниот разговор со луѓе, без некаква надеж за среќавање почна да ја губи магијата. Не дека некој мисли дека не се кршеле правила и луѓето не се среќавале меѓу себе, но за одредени луѓе, долгиов пандемски период овозможи една слобода од очекувањата на другите за нивните врски и сексуален живот. Во смисла, „сега никој не ти суди дека си сингл и циник затоа што - не си ти виновен.“

И да, за радување е самата помисла дека еден ден, ова ќе заврши, но не е добредојдена индиферентноста кон фактот што ќе се вратиме на нормално што не е добро за сите. Сега имаме можност убаво да размислиме што сакаме од годините што доаѓаат, дури и ако некои од овие работи се вон наша контрола.

-Џејмс Грег

25 март 2021 - 14:43