Bookbox

Тимоти Декстер е една од најнеобичните фигури во американската историја: човек кој, и покрај тоа што бил речиси необразован и често предмет на потсмев, успеал да стане милионер, благодарение на одлуки што на сите други им изгледале целосно апсурдни.

Што навистина нè прави среќни? Ново истражување сугерира дека одговорот не лежи само во задоволството или исполнетоста, туку во нешто што често го земаме здраво за готово – слободата да одлучуваме за сопствениот живот.

Зошто пролетта ја доживуваме како нов почеток?

Ова „нов почеток“ секогаш ни звучи чудно, бидејќи нема „стар почеток“. Но „новоста“ е во цикличноста и обновувањето, чувство кое изгледа не е само симболично туку има длабоки корени во природата, културата, па дури и во нашата физиологија.

Штетата од повиците за „спасување на Планетата“

Начинот на кој денес зборуваме и размислуваме за заштитата на природата вклучува апстрактни идеи за „Планетата“ и „Околината“. Тие како такви стануваат флоскули, без реално влијание врз нашето однесување. А да пробаме поинаку, со љубов и внимание кон конкретни, мали места околу нас, како вистинска основа за грижа и промена?

Вистинската приказна зад „Затруен град“ - нова мини-серија на Нетфликс

Серијата обработува вистинска приказна од Англија, каде што индустриско загадување оставило сериозни последици врз здравјето на луѓето. Особено погодени биле новороденчињата, кај кои се појавиле различни вродени деформитети, што довело до долгогодишна правна битка и историска судска одлука.

Музејот на стотици природни мириси во Калифорнија

Специјалистот за парфеми Менди Афтел поседува голема колекција на ретки есенции и артефакти кои се изложени во нејзината Архива на необични мириси во Беркли. Помеѓу нив има познати, како лаванди и цимети, но и ретки, како посебен вид тасмански цветови (14.000 долари кило) или исцедок од мачкини жлезди.

Последната официјална чуварка на светилник

Сели Сноумен последниве 17 години е чувар на Бостон Лајт, светилник кој датира од 18 век, на мало парче копно во Бостонското пристаниште во Масачусетс. Таа во декември ќе се пензионира и со тоа ќе биде означено згаснувањето на оваа професија во САД, а веројатно и пошироко. 

„Одзади“: изложба посветена исклучиво на опачините на славните слики

Нова поставка во музејот Прадо во Мадрид ги истражува задните страни и рамките на уметничките дела за да ги долови нивните приказни, тајни и патувања. Некои од откритијата, до сега достапни само на очите на конзерваторите и авторизираните истражувачи, се навистина интересни. 

Запознајте го Кирил и Методиј на Чероките

Се викал Џорџ Џист и бил домороден сверноамерикански полимат и просветител на народот Чероки. Неговата иновативна азбука, која содржела дури и кирилица (?!), направила неговите сонародници не само да ја памтат, туку да можат и да ја запишат својата традиција. Најпрвин од нив бил обвинет за „вештерство“, но кога Чероките сфатиле дека на овој начин ќе имаат адут плус пред агресијата на белците му рекле - „А да нè научиш?“.

Пример за „сечена-лепена-монтирана“ фотографија од 1902

Лажните вести и монтираните фотографии ги поврзуваме со современите технологии, кои им нудат можност дури и на понеписмените во оваа област да експериментираат или намерно да манипулираат. Ама човечката природата одамна била лажовна, па дури и кога било покомплицирано, фотографиите се „фотошопирале“ рачно.

Букбокс гледаше: „Грабнувањето“ (серија, 2020)

Британска серија за мрачната страна на набљудувањето со безбедносни камери на секојдневните движења на градските улици, кое се оправдува со повисоки интереси на информираноста и следењето сомнителни активности. Но што се случува кога границата помеѓу снименото и реалноста ќе се замагли?

Човекот кој собира знаци „Не вознемирувај“ од цел свет

Некој Едвардо од Турин, Италија, пензиониран државен службеник кој на времето многу патувал, не само што собира хотелски знаци од оние што се ставаат на квака кога не сакаш да те вознемируваат, туку истите и ги архивира онлајн.

Шефот на ХБО ангажирал „армија“ вработени да напаѓаат ТВ критичари онлајн

Кејси Блојс, извршен директор на ХБО, се извини за тоа што ангажирал вработени да креираат лажни Твитер профили и преку нив да постираат про-ХБО коментари и да ги напаѓаат ТВ критичарите кои немале добри зборови за она што се прикажувало на овој стриминг сервис.

Текст што оди со џин и тоник: приказната за кининот и дрвото што ја сменило светската историја

Со векови, маларијата, болест која ја предизвикува паразит пренесуван од комарец, ги измачувала луѓето низ светот. Сеела смрт низ Римската империја; убила помеѓу 150-300 милиони луѓе во 20-тиот век и, според Светската здравствена организација, речиси половина од светското население и денес живее во области каде болеста се уште постои.

„Срце од црн гулаб“ - нова книга за магиските обреди во Србија

На корицата на новата книга на новинарот Момчило Петровиќ покрај насловот стои и следново предупредување: „Ова не е книга за паранормални појави, туку документарно четиво“ и извичник. И ова не е случајно, бидејќи укажува на можноста/ризикот бројните луѓе кои се уште веруваат во магии, и не само во Србија туку и на целиот Балкан, да посегнат по неа како по прирачник.

Психологија на лажењето: полесно е во мејл, поретко e в лице

Политичари, инфлуенсери, „обични луѓе“, што би рекол доктор Хаус, сите лажат. Но сепак постојат бројни варијабили кои ги одделуваат овие случаи, од тоа која целна група е мета на лагите, до тоа кој е медиумот кој се користи за нивно пренесување. Од што зависи колку и кого лажеме?

„Вештачка интелигенција“ (AI) е збор на 2023-та според речникот Колинс

Крајот на тековната година го одбележуваат разни избори на најдобро или најпопуларно ова или она. Различни лексикографски издавачи имаат свои избори на „нај“ збор, но Колинс оваа година ги претрка останатите со тоа што го прогласи акронимот AI (ВИ) за збор на 2023.

Зошто филмовите стануваат толку непотребно долги?

Парадоксално е - додека генералната моќ на концентрација и внимание опаѓа, па оттаму е логично публиката да сака да гледа нешта кои се кратки и незаморни, должината на играните филмови се зголемува. Статистиката покажува дека денес популарните филмови се 50% подолги од оние во 1930-тите.

Времето на духовите не е поминато туку допрва доаѓа

Една теорија за тоа зошто 19-тиот век е толку богат со приказни за духови и разни ужаси е труењето со јаглерод моноксид од уличните плински лампи. Дали денес има замена за оваа состојба која би овозможила духовите да продолжат да постојат и - каде?

Суетни генерали, Елвис и конфети од сечење мапи: косовска претстава за фарсата на мировните преговори

„Преговарајќи го мирот“ на косовскиот драматург Јетон Незирај покажува дека дипломатијата на мирот е фарса, иако често неопходна. Станува збор за драматизирани преговори за мир помеѓу фиктивните завојувани земји Бановија и Унмикистан, претставени како комедија, иако со горчливи тонови.

Правда за обичните табли со креда!

Пред некое време бевме присутни на тажна сцена - убава стара зелена табла беше заменета со „смарт“ од новите, која бара посебен и скап проектор, и која никој од прва не знае да ја користи без посебна обука. Не ги гибајте старите школски табли и кредата на нив!

Кога правеле аутопсии на светици за да видат што има во нивното срце

Во доцниот 13 век, следбениците на италијанската oпатица Клара од Монтефалко го дисецирале нејзиното срце во потрага по распетие. Таму наводно нашле и повеќе отколку што очекувале. Но за црковните власти линијата помеѓу опседнатоста со божественото и со демонското била тенка. 

Во Барселона се отвора Музеј на забранета уметност

Отворен од Татчо Бенет, каталонски колекционер и бизнисмен, Museu De l'Art Prohibit e замислен како споменик на слободата на изразување. Тоа се дела кои биле цензурирани, забранувани или критикувани поради политички, општествени или верски причини.

Уметникот што претвори 6000 примероци од „Кодот на Да Винчи“ во Орвеловата „1984“

Шест години откако хуманитарна продавница во Велс замолила веќе луѓето да не им носат копии од популарното дело на Ден Браун, уметникот Дејвид Шригли одлучил да ги „рециклира“ во друго дело, со попоучна порака.

Британска подкастерка која си купи вевчански пасош (и направи епизода за тоа)

Во нашата љубопитност да пребаруваме интересни и нови подкасти на различни теми наидовме на еден кој нè заинтригира со самиот наслов. Се вика „Не го пиј млекото!“ и е посветен на историјата на секојдневните нешта. Првата, значи најпрвата епизода, е за Вевчани и неговиот пасош, како и на историјата на пасошите воопшто.

Даниел Редклиф продуцира документарец за неговиот парализиран дублер-каскадер од „Хари Потер“

Во текот на снимањето на „Хари Потер и реликвиите на смртта 1“, Дејвид Холмс, кој бил дублер на Хари Потер, доживеал тешка повреда по што останал парализиран. Сега Редклиф учествува во снимањето на документарец за него.

Филмови за подобро разбирање на израелско-палестинскиот конфликт

Како што еднаш има кажано познатиот критичар Роџер Еберт, „филмовите се како машини за генерирање емпатија“. Наспроти често сувите вести од военото жариште и лажните вести, низ овие филмови можат да се согледаат различните перспективи за она што се случува на Блискиот Исток.

Зошто се вика „плацебо“ ефект?

Ако ви дале бонбонче место вистински лек а вие сепак сте се почувствувале подобро, тогаш сте го осетиле ефектот на тн. „неактивни лекови“, кои ја откриваат улогата на мозокот врз физичкото здравје. Но од каде потекнува името?

Германскиот младински збор на 2023 и не е баш германски

Германскиот издавач Лангшајд, чија специјалност е издавање речници и други лексикографски изданија, во 2008 воспостави натпревар за младински збор на годината, кој се објавува за време на Франкфуртскиот саем. Оваа година победи збор покарактеристичен за англискиот.